13:23 - 10 февруари, 2026

Моника Левински прозборе за аферата со Бил Клинтон: Заспав непозната, а утрото цел свет знаеше за мене

Моника Левински во средината на деведесеттите имаше секс афера со тогашниот американски претседател Бил Клинтон.
Двегодишната афера се појави во јавноста на почетокот на 1998 година, а Моника сега се присети на трауматичното искуство што го доживеала потоа.

– Јас бев нултиот пациент во губење на репутацијата на интернет – изјави Моника Левински на почетокот на разговорот за „Гардијан“.

Таа наведува дека интернетот, иако во зародиш, тогаш веќе бил многу суров.

– Една вечер отидов да спијам како непозната личност, а следното утро целиот свет знаеше за мене. Тоа немаше да се случи без Интернетот – се присети Моника и додаде дека социјалните мрежи подоцна ѝ пружиле одредена поддршка.
Таа наведува дека добивала писма со поддршка додека била мета на бројни критики и тешки навреди.

– Во 1998 година од непознати луѓе можев да добијам поддршка само на старомоден начин, односно ако ми испратат писмо. Понекогаш најважниот момент на мојот ден беше да земам пошта. Тоа беше многу тажно. Имам пријателка која секогаш кога ќе се видиме таа само некако одмавнува со главата и вели: „Не можам да верувам дека сè уште си тука“. Многу сум благодарна за комбинацијата на позитивни и негативни особини што ми овозможија да преживеам – откри Моника.

Моника подоцна направи успешна кариера и сега е далеку од девојката што беше во 1998 година. Таа стана заштитничка на другите жени и зазеде став против злоставувањето. Покрај тоа, таа продуцираше и ТВ серија која зборува за скандалот со Бил Клинтон.

Слични објави

Карлеуша искрено за своето прво сексуално искуство: „Беше ужасно“

Еспресо

Се запали куќата на позната српска пејачка: Претходно ѝ беше запален автомобилот, со години трпи терор

Еспресо

По киднапирањето на Кајмакоски и бомбата врз куќата на Чолиќ, српските јавни личности стравуваат за својата безбедност

Еспресо

„Сите знаевме за нивната афера“: Нови детали за шокантната врска меѓу Милица Тодоровиќ и оженетиот партнер

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ остана во чудо, малиот Марио свири тапани како професионалец

Еспресо

Дневен хороскоп за 10 февруари: Бидете внимателни пред да донесете важна одлука

apostolova
Се вчитува....