09:54 - 13 ноември, 2026

„Мир Божји…“: Се огласи Северина откако извика „Не ја давајте Црна Гора“

Хрватската пејачка Северина за новогодишната ноќ настапуваше во Котор, Црна Гора, каде со една реченица успеа да направи скандал. Пејачката ги изведе своите најголеми хитови, а на полноќ ја отпеа познатата песна „Иванова корита“.

Таа на крајот од концертот ѝ ја честиташе Новата година на публиката и извика: „И не ја давајте Црна Гора!“, предизвикувајќи лавина коментари и критики на социјалните мрежи.

Сега пејачката за хрватските медиуми проговори за новогодишната порака, која предизвика бура кај Србите.

– Мир Божји, Христос се роди… И деца, заштитете ја Србија од омраза и насилство – изјави кратко пејачката.

Инаку, откако Северина ја испеа „Иванова корита“, која во оригинал ја изведува српската пејачка Мерима Његомир, ѝ се обрати Љубица Његомир, ќерката на покојната ѕвезда на народната музика.

– Таа ја пее песната на мајка ми, српска пејачка, компонирана од Србин“ – изјавила кратко и јасно Љубица Његомир на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....