7.8 C
Скопје
10:22 - 20 февруари, 2026

Милош Биковиќ првпат за скандалот поврзан со серијата „Белиот лотос“: Ми дадоа ултиматум, одбив

Милош Биковиќ, на почетокот на годината остана без улога во хит серијата „Белиот лотос“ по бројните критики дека ја поддржува Русија и дека никогаш не ја осудил руската инвазија на Украина. Сега српскиот актер во интервју за „Недељник“ за првпат проговори за својата одлука и за сè што сe случило подоцна.

Имено, Биковиќ за медиумот изјави дека не се согласил со ултиматумот кој му бил даден и дека не жали што не отстапил од своите убедувања.

Откако „Ејџ-би-о“ во јануари објави дека Биковиќ добил улога во третата сезона на серијата, веднаш реагираше Министерството за надворешни работи на Украина. По кампањата во која тврдеа дека Биковиќ ја поддржува руската инвазија на Украина, актерот остана без улогата.

Биковиќ, кој не се огласи по првата реакција, сега изјави дека постоела можност да остане во серијата.

„Факт е дека учеството во ваква серија може да ми отвори некои нови можности. Но, мојата кариера имаше интересно патување досега, и нема причина зошто да не продолжам да уживам во ова неверојатно возење. Не се согласив со ултиматумот, бидејќи немаше да се чувствувам добро ако го направам тоа. Без разлика каде можеше да ме однесе. Секако, во еден момент постоеше можност да ги кажам ‘волшебните зборови’ и потоа да останам во серијата. Но, секогаш кога ќе се изневерив себеси и моите верувања, без разлика дали тоа го правев од голема желба, незнаење, несериозност или страв, се чувствував лошо. По овој настан се чувствувам добро“, изјавиl Биковиќ.

Биковиќ вели дека не се чувствува како жртва, а во интервјуто зборувал и за влијанието на политиката во уметноста.

„Одамна ми е јасно дека политиката, поточно, не политиката, туку некоја нејзина ‘валкана сестра’ навлегува во секоја пора од нашите животи. Дури и во уметноста и спортот. И ја заматува водата, ги труе бунарите, кавги, клевети и загадува. Немам страв дека ќе ме обележат во иднина, или со идни соработки, немам страв бидејќи сум сигурен во тоа. Но, тоа не ме загрижува“, заклучил актерот.

Слични објави

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо
Се вчитува....