05:14 - 6 април, 2026

Милиќ Вукашиновиќ верува дека прележал коронавирус: Јас го поминав тоа уште во декември!

Славниот рокер, Милиќ Вукашиновиќ, за српските медиуми вели дека прележал коронавирус уште во декември минатата година.

– Живеам сосема нормално, јас го поминав тоа уште во декември. Можеби тоа беше корона, бидејќи мета на вирусот беа токму моите бели дробови. Премногу кашлав, а не намалив со цигари, пушев по две кутии. Сега се чувствувам здраво и јако, секој вирус на грип е јак – рече рокерот и апелираше дека народот мора да ги слуша инструкциите на експертите и властите во оваа ситуација.

Фото: Фејсбук

Иако вели дека има моќен имунитет, сепак Милиќ има 70 години и влегува во групата на најзагрозени лица, кога е во прашање актуелниот Ковид 19.

– Не одам надвор, ги мијам рацете, но не носам маска. Навистина звучи многу кога ќе кажам колку години имам, не верувам дека тоа сум јас. Се чувствувам како да имам најмногу 40 години, а во длабочината на мојата душа всушност сум само 18!“, раскажа тој за Курир.рс.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....