07:36 - 6 април, 2026

Милијардерот Руперт Мардок (91) се разведува од екс-манекенката и поранешна жена на Мик Џегер -Џери Хол (65)

Доколку веста биде потврдена, тоа би бил четврти развод за Мардок. Мардок и Хол се во брак од 2016 година и за време на бракот Руперт се нарекуваше себеси „најсреќниот човек на светот“.

Руперт Мардок се разведува од Џери Хол: бракот на 91-годишниот медиумски тајкун со 65-годишната манекенка и актерка која беше во брак и со Мик Џегер, се соочува со крај – според анонимни извори цитирани од различни весници, вклучително и Њујорк Тајмс. За Мардок доколку се потврди веста тоа би бил четврти развод. Мардок и Хол се во брак од 2016 година и за тоа време Руперт се нарекуваше себеси „најсреќниот човек на светот“.

Разводот веројатно нема да ја промени корпоративната структура и наследството во империјата основана од Австралиецот, разделбата меѓу Мардок и Хол би можела да има реперкусии врз активностите на различните компании кои припаѓаат на тајкунот почнувајќи од Фокс, „Њу Јорк пост“. „и „Волстрит журнал“ во САД, таблоидот „Сан“ и „Тајмс“ во Англија и Скај њуз во Австралија.

Во раните години од бракот, се чинеше дека Руперт е среќен што посветува време на својата нова сопруга, оставајќи им простор на децата од претходните бракови – и првенствено неговиот наследник – да го пробијат својот пат до врвот на семејната империја.

Сагата за Мардок ја инспирираше хит-серијата на ХБО „Succession“.

Тајкунот има вкупно шест деца: Пруденс со неговата прва сопруга Патриша Букер, австралиска манекенка од која се разведе во 1965 година; Елизабет, Лахлан и Џејмс од втората сопруга Ана, со која беше во брак три децении до 1999 година, а потоа беше во брак (од 1999) со Венди Денг, претприемачла со која разводот стаса  во 2014 годинаво време на гласините за врската на Венди со поранешниот британски премиер Тони Блер, кој исто така беше кум на Грејс и Клои, двете најмлади ќерки на милијардерот.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....