12:31 - 2 април, 2025

Милан Поповиќ и судијката која му го додели детето, биле во ист хотел на скијање!

Судијката Теа Голуб на 27 ноември донесе одлука синот на Северина и Милан Поповиќ да живее со таткото, а пејачката на тоа поднела жалба.

Судијката потврди дека била на скијање во Австраја и била сместена во ист хотел во Австрија со Милан Поповиќ.

– Ние во хотелот пристигнавме во сабота на четврти јануари и не сум сигурна дали се сретнавме истата вечер или следниот ден во предворјето на хотелот.

Станува збор за познат хотел во едно австриско скијалиште. Хотелот е идеален за родители со деца, бидејќи за нив има доста содржини. Фотографиите на хотелот можете да ги видите тука. Според „Букинг“ една недела сместување во овој хотел за две возрасни личности и едно дете чини 3.000 евра.

Судијката кажала дека таму била со своите родители.

– Бев со семејството, а тој беше со детето и со поголемо друштво. Сигурно се поздравивме четири-пет пати, бидејќи се среќававме во тој хотел каде има еден ресторан, но никогаш не седевме на иста маса, освен што се поздравувавме од куртоазија – изјавила Теа за „Јутрани лист“.

Милан Поповиќ изјавил дека бил среќен што успеал да помине незаборавен викенд со синот.

– Среќен сум што успеав со синот да поминам незаборавен одмор во тој преубав хотел. Тоа што е јавно, не е тајно – рекол Поповиќ за „24сата“.

Слични објави

Дара Бубамара ги исплука колегите: Има тешки глупости на естрадата, немаат талент

Еспресо

(Фото) Еве како Николина Пишек ја уреди вилата од 2 милиони евра! Водителката пазела на секој детаљ, на ѕидовите има голема слика и од Тито

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели сладок момент од синот: Малиот Марио трча во пелени, ужива во сончевиот ден

Еспресо

(Фото) Позната пејачка дошла без заби во емисијата на Сања Маринковиќ! Водителката ѝ порачала нешто, а таа со рака ја покрила устата…

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Биковите ќе запознаат некој интересен преку социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо
Се вчитува....