8.8 C
Скопје
21:25 - 30 март, 2026

Драма во Нов Белград: Милан Калиниќ удрил девојка, па побегнал!

Девојка го пријавила синоќа српскиот актер и водител Милан Калиниќ за насилство, поради тоа што наводно тој ја удрил во главата во нејзиниот стан во Нов Белград.

Имено, како што пишуваат српските медиуми, драмата се случила нешто пред полноќ во Нов Белград, кога девојката повикала полиција и рекла дека Калиниќ ја претепал.

Од редакцијата на српски „Блиц“ го побарале Милан за да ги потврди овие наводи, а тој изјавил дека не се случило никакво насилство.

– Видов што се пишува. Ја знам девојката, ги видов овие иницијали, но не знам зошто овие пишувања. Никого не сум допрел со прст. Сè е во ред, не знам за што се работи. Можно е тоа да е поради моите неодамнешни објави на социјалните мрежи, не знам за што друго би можело да е во прашање –изјавил Калиниќ за „Блиц“.

Девојката со иницијали А. Б., објаснила што се случило.

Таа наводно добила удари од него, а кога полицијата дошла на лице местото, било констатирано дека Калиниќ побегнал од адресата каде што се случило насилството. Таа навела дека добила удар во десната слепоочница додека седела на столот, поради што има модринка под окото. Меѓутоа, таа не сакала да ѝ пружат лекарска помош во Брзата помош, туку рекла дека сама ќе оди на лекар, рекол извор запознаен со целиот случај.

Во меѓувреме, како што дознава српски „Телеграф“, Калиниќ синоќа ѝ се предал на полицијата и му била изречена итна мерка – забрана за приоѓање и комуникација.

 

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....