16.8 C
Скопје
15:22 - 10 март, 2026

Милан Калиниќ не е само глумец и водител: По професија е пилот, а еве како успеал да се извлече кога авионот почнал да паѓа

Популарниот водител Милан Калиниќ е пилот по професија, дипломирал на Авијациската академија во Вршац. Иако денес сите го знаеме како водител на бројни емисии, Милан дипломирал на Академијата за пилоти уште во 1995 година.

– Тоа беа тешки години за ЈАТ. Ми требаа многу пари за да пилотирам, а во тоа време немаше пари. Затоа некои пријатели ме советуваа да се запишам на глума, на новоформираниот универзитет во тоа време. Тие знаеја дека театарот е моја голема љубов и дека често одам да гледам претстави после училиште – откри Калиниќ.

Иако никогаш не одлучил професионално да се занимава со пилотирање, Милан во една прилика откри дека еднаш заспал во авион бидејќи бил многу исцрпен.

– Заспав во авионот. Тоа се случи кога бев на академијата, леташ еден час, сам си во авионот, гледаш наоколу, сонцето изгрева и ти свети во очите и јас во еден момент сум заспа. Кога почна да паѓа, како што се зголемуваше брзината, моторот почна да силно да брмчи, буквално на работ на распаѓање, брзината отиде на црвено. Ме разбуди звукот и тресењето на авионот. Да не се разбудев, немаше да го има ни Летачкиот старт ни мене. – рече Калиниќ со насмевка во емисијата „Преживеани“.

 

Слични објави

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin
Се вчитува....