4.8 C
Скопје
03:37 - 21 февруари, 2026

„Ми рече да изберам бело или црвено ферари“!: Дара Бубамара разговарала со Саша Поповиќ два дена пред неговата смрт

Српската пејачка Дара Бубамара тешко го прифати заминувањето на креативниот директор на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, кој почина на 1 март по кратко и тешко боледување.

– Многу ми е тешко. Ние зборувавме доста често. Уште кога почнував со бендот во Нови Сад, Саша доаѓаше да ме гледа. Ја немав ни снимено мојата прва песна, а тој ме бодреше да бидам посебна и различна. Кога станав позната, зборуваше дека јас и Брена ги имаме најубавите имиња на естрадата. Сега кога го нема Саша, како да исчезна естрадата. Секогаш беше тука, постојано ме фалеше за сè – рекла Рада за хрватското радио „Екстра ФМ“ и раскажала како дознала дека Саша е тешко болен:

– Летоска се слушнавме. Пеев во Хрватска, па Словенија, Црна Гора… Ми се јави на видеоповик и ме праша кога доаѓам во Белград, бидејќи јас и тој многу сакавме автомобили. За тоа најмногу зборувавме, каков автомобил вози тој, а каков јас. Ми рече да изберам дали сакам бело или црвено ферари. Реков дека сакам бело, црвено веќе возев. Буквално помина малку време и јас слушам дека се разболел.

Дара Бубамара само два дена пред смртта, разговарала со Поповиќ, кој ѝ рекол дека е многу лошо.

– Му пишав и го прашав дали е тоа вистина или некое озборување. Ми напиша: „Вистина е Даро!“ Јас само реков: „Оф!“ Потоа, се слушавме секој втор-трет ден, затоа што не сакав да му додевам. Имаше фази: „Се држам, се борам, добро е“, а два-три дена пред смртта му пишав да му кажам дека мислам на него секој ден и како е. Ми напиша: „Лошо сум Даки, но се борам!“ Му реков дека тој е мојот Сале и дека тој ќе го протурка тоа, бидејќи тој е мојот борец. Кога слушнав дека починал, не ми беше добро, непрекинато ми се грчеше желудникот. Сите мислевме дека ќе се извлече. На погребот ми беше многу лошо.

 

 

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....