7.8 C
Скопје
17:29 - 19 февруари, 2026

Мелина Џиновиќ купи стан во елитниот дел на Монте Карло! Прва сосетка ѝ е Лепа Брена, кремот на Холивуд е таму

Мелина Галиќ, поранешна Џиновиќ, неодамна купила недвижност во Монте Карло и тоа во областа каде што и Лепа Брена има стан. По разводот од Харис Џиновиќ, модната дизајнерка се пресели сосе работата во Франција, каде што во последните месеци е снимена во неколку наврати како ужива на луксузни локации. Нивната ќерка Џина редовно покажува како ужива со својата мајка на Азурниот брег и на социјалните мрежи ги информира своите следбеници за сите детали поврзани со нивниот живот.

Мелина засега јавно не покажала емотивен партнер.

– Мелина купи недвижност каде што стан има и семејството Живојиновиќ. Таму престојуваат и светски ѕвезди како Мадона, Кајли Миног и други. Тоа е интересна локација, но не сум сигурен дека Мелина и Брена сè уште се сретнале таму – рекол извор за српски „Курир“.

Модната креаторка не одговорила на јавувањата за коментар.

Харис и Мелина поминаа 22 години заедно, а оваа година решија да стават крај на својот брачен живот, од кој имаат две возрасни деца. Харис продолжи да живее во прекрасната вила што ја изгради во Сењак, додека Мелина остана некое време во нејзината родна Босна и Херцеговина, а потоа се пресели во Франција.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо
Се вчитува....