3.8 C
Скопје
01:08 - 15 март, 2026

Меган Маркл верува дека кралското семејство ковало завера против неа?

Бившата војвотка од Сасекс, Меган Mаркл, верува дека постоела завера против неа од страна на членовите на кралското семејство за да се уништи нејзината репутација.

Таа мисли дека сè почнало кога се вселила во Кенгсингтонската палата со принцот Хари во 2018 година. Меган верува дека сакале да ја нарушат нејзината репутација откако се омажила со Хари за да го растурат нивниот брак, пренесуваат странските медиуми.

„Беше убедена дека постои завера против неа, па буквално се самоизолираше кога се преселија во Фрогмор“, рекол нејзин пријател.

инстаграм

„Мислам дека се чувствуваше како аутсајдер од самиот почеток. Ова не беше живот на каков што беше навикната и сакаше да си замине оттаму. Почна да се чувствува изолирано и да и недостасуваат мајка и и пријателите од Лос Анџелес. Тоа што ја мачеше Меган е фактот дека не заработува пари. Отсекогаш работеше и мислам дека не се чувствуваше исполнето. Желбата за финансиска независност беше една од најголемите причини за заминување.“, открива тој.

Без оглед на пишувањето на медиумите дека Меган и Хари не се снашле добро во Лос Анџелес, тие развиле пријателство со Адел и со Леонардо Дикаприо.

„Сигурна сум дека нивниот друштвен живот ќе се развива на вечери и на журки во Лос Анџелес, каде што ќе бидат опкружени со луѓе на кои можат да им веруваат“, рекла Мелани Бромли, уредничка на каналот Е.

 

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....