Од утре, први април, Сасекс веќе нема да ја претставува круната. Меган Маркл и принцот Хари се поздравија со нивните 11 милиони следбеници, упатувајќи им зборови на надеж во ова тешко време и ветувајќи дека ќе продолжат со својата работа.
Од вечерва тие и официјално престануваат да бидат дел од кралското семејство и започнуваат нов живот, финансиски независен, иако по одбивањето на Доналд Трамп, принцот Чарлс изјави дека ќе обезбеди повеќе од два милиони евра за нивната безбедност во Калифорнија.
„Свртуваме ново поглавје во нашите животи и сакаме да придонесеме за светот на некој поинаков начин. Иако можеби нема да нè видите повторно тука, нашата работа продолжува. Ние веруваме дека секоја личност на овој свет има потенцијал да направи разлика. Ви благодариме за поддршката, инспирацијата и ангажманот, за да го направите и самите светот подобро место. Се радуваме на некоја нова можност, бевте одлични. Дотогаш, внимавајте на себеси и на вашите најблиски“, напишаа Меган и Хари во прошталниот пост на инстаграм-профилот Сасекс ројал.