11:16 - 31 март, 2026

МЕГАЈАХТАТА НА РОМАН АБРАМОВИЧ ЈА НАПУШТИ ЦРНА ГОРА: Рускиот олигарх е на листата на санкционирани руски државјани

Јахтата Соларис на рускиот олигарх Роман Абрамович во понеделникот попладне исплови од црногорското пристаниште во Тиват, каде што беше закотвена два дена.

Црногорскиот портал „Вијести“ објави дека Соларис се движи кон Турција.

Суперјахтата на Абрамович вплови во Тиватскиот залив доаѓајќи од Барселона во саботата и се закотви во близина на луксузната марина Порто Монтенегро.

Соларис е суперјахта долга 140 метри вредна над 400 милиони евра.

Во меѓувреме, црногорското Министерство за надворешни работи ја информираше Радио телевизијата на Црна Гора дека инспекцијата утврдила дека јахтата Соларис не е официјално регистрирана на име на Абрамович, па затоа нема правна основа за нивна реакција.

Роман Абрамович е на списокот на санкционирани руски државјани против кои Велика Британија воведе остри мерки поради руската агресија врз Украина. Претходно, дипломатите на ЕУ го додадоа Абрамович на листата на санкционирани руски милијардери по руската инвазија на Украина.

Црна Гора пак, се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија.

Во медиумите се шпекулираше дека на нејзините пристаништа се наоѓаат јахти на руски тајкуни и дека многу Руси блиски до Владимир Путин имаат вреден недвижен имот во оваа земја.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....