7.8 C
Скопје
21:25 - 31 март, 2026

Маск прогласи „револуција против онлајн цензурата во САД“ и најави објава на специфични документи

Американскиот милијардер Илон Маск прогласи „револуција“ против цензурата на интернет во САД и најави претстојно објавување на документи со информации за сузбивање на слободата на говорот.

„Револуција против онлајн цензурата во Америка“, напиша Маск на Твитер.

Тој подоцна додаде дека документите на Твитер за сузбивање на слободата на говорот ќе бидат објавени од самата компанија во блиска иднина.

Бизнисменот истакна дека општеството „заслужува да ја знае“ вистината, но не прецизираше за какви документи станува збор.

Маск претходно изјави дека Apple се закани дека ќе ја отстрани апликацијата за социјално вмрежување од AppStore.

Бизнисменот исто така ги прашал корисниците дали се свесни дека Apple наметнува 30% „таен данок“ на сите купувања. Дополнително, тој објави анкета за тоа дали Apple треба да ги објави сите дејствија за цензура што ги презел, а кои влијаат на неговите клиенти.

 

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....