7.8 C
Скопје
22:39 - 31 март, 2026

Старлетата која ја заведувал Марко Миљковиќ призна сè: „Постојано се „вртеше“ околу мене, ми праќаше пораки“

Старлетата Атина Ферари откри дека некогаш ѝ се додворувал Марко Миљковиќ, сопругот на Луна Ѓогани. По настап на Шабачкиот вашар, Атина за медиумите открила детали за нивниот однос, кој, како што вели, се случил пред околу десет години.

„Кога излегов од реалното шоу бев многу популарна, не можев ни по улица да поминам. Тогаш Марко ме најде во еден клуб, пријде за да се сликаме, а потоа почна да ме заведува. Ми пишуваше пораки, ми доасаѓаше, но ништо сериозно немаше меѓу нас,“ изјави Ферари за „Телеграф“.

Таа нагласи дека никогаш не била интимна со Миљковиќ и дека тој едноставно не бил нејзин тип:


„Јас сакам мажи, мажишта – црни, со брада, со став… не ‘њам-њам’ типови како него. Да, облетуваше околу мене, но мене такви мажи не ми се допаѓаат за нешто сериозно.“

Денес, Марко Миљковиќ е во брак со Луна Ѓогани, со која има две ќерки, додека за љубовниот живот на Атина речиси и да нема информации.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....