2.8 C
Скопје
00:26 - 27 октомври, 2026

Марк Цукерберг ќе стане татко по трет пат

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан го очекуваат своето трето дете.

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели лично Цукерберг.

– Драго ни е да објавиме дека следната година Максима и Аугуста ќе добијат помлада сестра,
– напиша тој на својата Фејсбук страница.

38-годишниот милијардер и неговата сопруга веќе имаат две ќерки: Максима е родена во 2015 година, а Аугуста во 2017 година.

Марк Цукерберг и Присила Чан се запознале додека студирале на Универзитетот Харвард во 2003 година, кога чекале во редица пред тоалетот на студентска забава.

Во 2012 година, тие направија скромна свадба, која се одржа во нивната вила, во друштво само на блиски пријатели на парот кои беа присутни на прославата.

Марк Цукерберг моментално е рангиран на 14-тото место на листата на милијардери на Форбс. Неговото богатство се проценува на 53,4 милијарди долари.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....