13.8 C
Скопје
05:07 - 13 септември, 2026

Марија Шерифовиќ за сурогат мајката која ѝ го роди синот: Тие жени не се третираат како робови

Марија Шерифовиќ на почетокот на декември минатата година стана мајка на синот Марио кој го роди сурогат мајка. 39-годишната пејачка на оваа тема проговори при неодамнешното гостување во емисијата на српскиот водител Огњен Амиџиќ.

“Во Америка сум од 2014 година, тогаш тоа не беше актуелно. Немаме доволно време да разговараме за ова детално. Сѐ што правев, правев по совет на најдобрите лекари во САД. Во едно интервју кажав дека по неколку неуспешни обиди единствено решение беше тоа“, рече Марија.

„Ужасно ми пречи што на Балканот, со должна почит кон сите нормални, цивилизирани луѓе, луѓето седат под камен. Седам во Америка, се сончам и читам како луѓето седат по весници, емисии, утрински програми и велат дека оваа жена е врзана за радијатор, како ја малтретирале, како е… Почитувани, ова е процедура за која се потребни илјадници документи, потпишани документи“, додаде Шерифовиќ.

Таа изјавила дека сурогат мајките не се третираат како робови, како што многумина мислат и дека во нејзиниот случај сурогат-мајката добивала третмани како масажи и помош од хигиеничарка во куќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

“Тоа е жената која ми помогна да ја исполнам мојата најголема желба во животот. Имавме најблиска можна врска, разговаравме секој ден, заедно ги поминувавме сите предизвици на бременоста, заедно одевме на прегледи”, изјави претходно Марија.

Да потсетиме, пејачката откри дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, поради што на крајот се одлучила за сурогат мајка. Инаку, Шерифовиќ не сака да открие кој е таткото поради договорот за приватност, но рече дека нејзиниот син ќе знае сѐ за тоа кога ќе дојде време.

Слични објави

Хаос во семејниот дом на Адам Адактар — позната сосетка од Чачак откри што се случувало во нивното минато

Е.А.

„Имав 22 години кога ја прекинав бременоста“ — Лепа Лукиќ откри дали била бремена од Тома Здравковиќ

Е.А.

„Да ми умреше синот, веднаш ќе си пресудев“: Нада Топчагиќ низ солзи за најтешкиот период во животот

Еспресо

(Фото) Ѝ пееше Наташа Беквалац, а таа блескаше во сино — Елена Ѓорговска го прослави роденденот во Белград

Еспресо

Вук Моб по раскинувањето на свршувачката најде нова девојка: „Таа е прекрасна личност!“

Еспресо

Никој не може да им одолее! Ова се трите најстрасни хороскопски знаци!

Еспресо
Се вчитува....