20.8 C
Скопје
16:31 - 24 октомври, 2026

Марија Шерифовиќ призна: „Не сум добра“ па јавно ѝ се обрати на мајка ѝ Верица

Во својот најнов блог, популарната пејачка Марија Шерифовиќ искрено проговори за тешките моменти низ кои минала поради нарушеното здравје. Таа откри дека со температура и исцрпеност морала да патува во Холандија за да одржи договорен концерт.

„Ноќта пред патувањето – вистински пекол. Во два започна агонијата: треска, студ, температура. Се тресев цела ноќ. ѝ реков на мама и на Милош да ми ги донесат сите можни лекови,“ раскажа Марија, нагласувајќи дека едвај ја издржала таа ноќ.

И покрај малаксаноста, одлучила да не ја изневери публиката. На аеродромот пристигнала видно уморна, но решена да издржи до крај.

„Толку сум болна што само некоја виша сила може да ме спаси. Спиев еден час, нарачав супа, испив лекови за температура, за нос, за грло… Се надевам барем малку подобро ќе спијам, затоа што синоќа треската траеше до половина шест наутро,“ призна пејачката, додавајќи дека и самото пакување за патување било голема мака.

Со доза хумор, таа им се обрати на своите обожаватели непосредно пред излегување на сцената:
„Молете се за мене. Толку лекови испив што можеби и на испирање треба да одам,“ рече низ насмевка, признавајќи дека едвај стои на нозе.

Иако концертот помина во одлична атмосфера, се случи нешто што Марија никогаш претходно не го доживеала. За време на настапот, забележала дека некој од публиката почнал да продава ќебапи.

„Ќебапи?! Какви ќебапи, луѓе? Ова е концерт! Сериозно некој продава ќебапи? Кај? Кај тоалетите? Одлично,“ реагирала Марија – видно изненадена, но и со иронија, обраќајќи се кон организаторите.

Публиката ја поздравила ситуацијата со смеа и аплауз, а пејачката ја претворила во шега:
„Добро, добро… браво за организаторите! Ако веќе се тука, донесете две порции да пробаме! Само што ми смета кромид… сите што ги следат моите видеа знаат дека ништо не мразам повеќе од црн кромид,“ изјавила таа, предизвикувајќи громогласен аплауз.

Со овој настап, Марија уште еднаш докажа колку е професионална – и покрај болеста и исцрпеноста, успеа да ја издржи вечерта и да ѝ подари на публиката концерт за паметење.

Слични објави

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.
Се вчитува....