17:23 - 11 јануари, 2026

Марија Шерифовиќ откри што ѝ подарил претседателот Тадиќ за победата на Евровизија

Во 2007 година, Марија Шерифовиќ  ја претставуваше Србија на Евровизија со песната „Молива“ и го освои првото место. Таа во ново интервју раскажа што ѝ дал тогашниот претседател на Србија откако ја донесе Евровизија во својата земја.

Најголемата благодарност – аплаузот, ја добив од луѓе кои се со мене 20 години, кои стареат со мене. Што се однесува до државата, тоа не ме интересира премногу, изјави пејачката

– Низ историјата можевме да видиме дека, без разлика дали се работи за музика, уметност, која било од оние сфери кои заслужуваат какво било признание, тоа речиси никогаш не се случило. Така што, не ми пречи. Најголемата благодарност – аплауз, добив од луѓе кои се со мене 20 години, кои стареат со мене. Што се однесува до државата, тоа не ме интересира премногу, си обезбедив и направив сè за себе – изјави таа во интервјуто и се присети како Александар Тијаниќ тогаш предложил Марија да добие награда од 80 илјади евра.

– Се сеќавам што рече тогаш господинот Тијаниќ, тоа не се случи, а јас отидов на прием кај тогашниот претседател Борис Тадиќ. Тој праша: ‘Што да направам за тебе?’. Што да му кажам? Не ми треба ништо, мислам што би направил, јас направив повеќе за тебе, не треба ти да правиш ништо за мене. Добивме вратоврска и бонобниера, тоа е тоа, тоа е единствената вистина – изјави Марија.

Додала дека вратоврската му ја дала на менаџерот затоа што таа не ја носела, а бонбониерата ја задржала за себе.

– Нема врска. Па кому му е гајле, еј, не ми треба никој да ми каже „благодарам“! Го направив тоа за нашиот народ, за барем еден ден во годината да бидеме горди, горди Срби, Балканци, што и да е – изјави таа.

Слични објави

„Попрво сум за врска за една ноќ отколку четврти брак“: Наташа Беквалац отворено зборуваше за љубовниот живот

Еспресо

(Фото) Помладата ќерка на Здравко Чолиќ го покажа новиот изглед: Лара направи естетска корекција на носот и устата

Еспресо

(Фото) Само 3.000 евра во рака: Ѓина Џиновиќ се прошета со луксузен моден додаток низ Барселона

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Пеѓа Јовановиќ: Неговата сопруга се обрати со емотивни зборови, објави досега невидени семејни фотографии

Еспресо

Хороскоп за 11 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата

Еспресо

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо
Се вчитува....