5.8 C
Скопје
03:12 - 1 април, 2026

Марија Микиќ со емотивна објава после разводот и трите операции: „Пет месеци бев во депресија, а животот ме удираше сè посилно “

Марија Микиќ помина низ тежок период поради разводот и здравствените проблеми.

Таа имаше три операции и пет месеци водеше тешка емоционална и психолошка борба.

Марија неодамна се разведе од сопругот Јован, со кого има две деца, а имаше и три операции.

Пејачката сега откри каква била нејзината борба по тешкиот период.

– Пет месеци се грижев дали овој ден воопшто ќе дојде. Пет месеци агонија, постојани борби. Депресија. Подем, пад. Животот ме удираше сè посилно и посилно. Изгубив надеж, почнав да размислувам што друго да правам, каде е мојата музика, дали некогаш ќе има уште. Која ќе бидам јас? А овие луѓе… не ме оставија да паднам. Тие ми беа постојан ветер во грбот и кога ќе ме чујат како звучам и кога ќе ги наведнат главите и ќе ме погледнат во очи и ќе ми кажат: Ќе оздравиш“. И еве го денот… Јас повторно, повторно пеам во колата, повторно разговарам со луѓе без да се плашам од ништо, повторно се смеам, повторно им читам приказни за спиење на моите деца… Ова е моето омилено видео досега, вашите насмевки ми значат сè. Одиме понатаму! – напиша пејачката на Инстаграм.

Инаку, Марија го помина поголемиот дел од летото со своите деца во Црна Гора, додека нејзиниот поранешен сопруг веќе некое време е во Дубаи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Mikic (@wwwmarijamikiccom)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....