-2.2 C
Скопје
23:09 - 17 декември, 2025

Марбург, новиот вирус го загрижува светот, два смртни случаи во Гана: Како се пренесува и кои се симптомите на марбург вирусот

Два пациенти веќе починале од новиот вирус во Гана.

Пред една недела Властите во Гана потврдија два сомнителни позитивни случаи на вирусот Марбург, сличен на вирусот ебола, кој е биде прв во земјата и втор во Западна Африка, откако вирусот беше идентификуван минатата година во Гвинеја.

Сега стигнува потврдата дека двајца пациенти починале од вирусот во болница во јужниот регион Ашанти.

Генералниот директор на здравствената служба во Гана, Патрик Кума-Абоагје, рече дека „за болеста (Марбуршка хеморагична треска) претходно биле осомничени по идентификацијата две лица кои одговараа на дефиницијата за акутна хеморагична треска, на две места различни од Регионот Ашанти. Прелиминарните резултати сугерираат дека инфекцијата се должи на вирусот Марбург. Примероците беа испратени на потврда во Институтот Пастер во Дакар, Сенегал, со помош на СЗО“. Кума Абоагје, исто така, објави дека вкупно 34 контакти со пациенти, од кои и двајцата починале, „се идентификувани и ставени во карантин“. Тие се под надзор на Регионалната здравствена дирекција во Ашанти“. Тој  го повика населението да оди на лекар доколку има симптоми на болеста, пренесува италијанскиот сајт ил темпо.

Кои се симптомите?

Симптомите на Марбург вирусното заболување вклучуваат главоболка, регургитација на крв и болки во мускулите. Инфекцијата се пренесува со контакт со заразена крв и други телесни течности или ткива.

Не постојат вакцини или одобрени третмани за справување со овој вирус.

Во Африка, имаше епидемии и спорадични случаи во Ангола, Демократска Република Конго, Кенија, Јужна Африка и Уганда, покрај случајот откриен во август 2022 година во префектурата Гекеду во јужна Гвинеја.

Се нарекува Марбург вирус затоа што првата позната епидемија, со околу триесет заболени лица, се случи во Западна Германија во 1967 година, во Марбург и Франкфурт, со два други случаи во Белград, тогашна Југославија, а вирусот беше предизвикан од некои заразени мајмуни, кои беа испратени во три различни лаборатории во Европа.

 

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....