12:01 - 12 ноември, 2026

Манипулации со пратенички надоместоци и плати: Уште една грчка европратеничка „на тапет“ поради сомнежи за измама, на Ева Каили друштво ѝ прави Марија Спираки

Европскиот обвинител побара суспензија на имунитетот, освен на европратеничката Ева Каили, поранешна потпретседателка сега разрешена од функцијата, и на европратеничката Марија Спираки, исто така од Грција.

принтскрин

Сомнежи за измама

Не е јасно дали барањето е поврзано или не со скандалот со корупција и перење пари што го зафати Европскиот парламент. Контактирани од Еуроњуз, Европското јавно обвинителство ниту ја потврди ниту ја демантираше оваа хипотеза.

Активностите на двете европратенички беа предмет на истражен извештај подготвен од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), Спираки се сомничи за измама на буџетот на Европската унија, во врска со управувањето со пратеничките надоместоци и платите на помошниците пратеници.

Ева Каили е во центарот на истрагата на белгиските власти за корупција, перење пари и членство во криминална организација: поради оваа причина ѝ беше одземено потпретседателството на Парламентот и беше суспендирана од политичката група на која припаѓа.

Марија Спираки пак, беше избрана со грчката партија Неа демократија и е дел од групата на Европската народна партија. Одговарајќи на прашања на Еуроњуз, таа рече дека не е вмешана во корупцискиот скандал.

 

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....