Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска претходната година не успеа да стигне до финалето на музичкто шоу, но успеа да стигне до срцето на нејзиниот сакан тогаш колега, а сега сопруг – Александар Гуте Маринковиќ.
Токму ова шоу ги зближи Елена и Гуте, а нивната дружба помина во љубовна врска која на почетокот на оваа година ја крунисаа со граѓански брак.
Имено, на почетокот на јануари Елена и Гуте ставија потпис во матично и во Србија направија скромна прослава за најблиските. Но, ќе има свадба и во Македонија која ќе се случи на 22.02. 2020 година.
Она што посебно ги радува Гуте и Елена e што за некој месец ќе станат родители на нивното прво дете.
Елена поради својата бременост одлучи и оваа година да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и да ужива во еден од најубавите периоди на животот.
Таа деновиве позираше со голо трудничко стомаче за бренд за перници за трудници.
Опуштена и удобно легната на перницата за трудници, македонската пејачка и српската снаа го покажа нараснатото трудничко стомаче.