3.8 C
Скопје
19:15 - 18 декември, 2024

Мајмунски сипаници? Според Кинезите на социјалните мрежи вирусот е „протечен“ од САД

Кинески корисници на социјалните мрежи тврдат дека САД би можеле да бидат изворот на зголемувањето на случаите на мајмунски сипаници. На Веибо кружат теории на заговор кои тврдат дека Соединетите држави намерно го „протекле“ вирусот кој сега се проширил во најмалку десетина земји.

Американскиот хаштаг кој известува за два случаи на мајмунски сипаници привлече повеќе од 51 милион прегледи на Веибо од понеделникот. Заразните болести станаа актуелна тема на платформата откако беа откриени случаи во Велика Британија, Шпанија и Австралија.

Кинеските државни медиуми ги обвинија САД за намерно ширење на „Ковид-19“, кој потекнува од Кина, но досега се воздржуваа од преземање на истиот пристап со мајмунските сипаници.

Шпекулациите се фокусираат на извештајот од 2021 година на американска невладина организација, позната како Иницијатива за нуклеарна закана (NTI), за биосигурноста. Извештајот го опишува хипотетичкото сценарио на епидемија на мајмунски сипаници, а кинеските корисници го наведоа како доказ дека САД веќе знаеле за епидемијата.

НТИ, телото одговорно за извештајот, било создадено од Тед Тарнер, американски филантроп кој го искористи своето богатство за да ја создаде, меѓу другото, Фондацијата на Обединетите нации, заедно со демократскиот политичар Сем Нан. Но, влијателниот човек на Веибо, Шу Чанг, кој има 6,41 милиони следбеници, рече дека извештајот претставува „план на САД за откривање на биоинженерскиот вирус на мајмунска сипаница“. Многу корисници на Веибо се согласуваат со ова – на повеќе од 7.500 корисници им се допадна објавата, според Блумберг.

По избувнувањето на Ковид, НТИ соработуваше со Минхенската безбедносна конференција (MSC) за да спроведе вежба насочена кон намалување на биолошките закани. Примерот што го избраа за тестот беше „необичен вид на вирусот на мајмунска сипаница“.

Во тестот, двете групи претпоставуваа првична епидемија на мајмунска сипаница во измислена земја, наречена „Бринија“, со последователно ширење на глобално ниво, замислувајќи го нејзиниот развој за 18 месеци. Првичната епидемија е предизвикана „од терористички напад со употреба на инженерски патоген во лабораторија со несоодветни аранжмани за биосигурност и биозаштита и слаб надзор“. Хипотетичкото сценарио се случува на 5 јуни 2022 година, почнувајќи од избувнувањето во Бринија откако терористичка група од блискиот град „Арница“, исто така имагинарен, незаконски го развила вирусот. Независната терористичка група Арникан – позната како СПА – работела со лабораториски научници за дизајнирање на многу заразен и смртоносен вирус. Терористите го растураат вирусот на преполната железничка станица во Бринија, планирајќи го нападот на национален празник, дозволувајќи му на вирусот дополнително да се шири. Властите известуваат за 1.421 случај и четири смртни случаи во измислената земја, која според сценариото има население од 250 милиони граѓани.

„Бидејќи мајмунските сипаници не се наоѓаат природно во Бринија, локалните и меѓународните експерти сметаат дека оваа појава е невообичаена“, пишува НТИ. „Владата на Бринија ги поздравува меѓународните истраги за епидемијата и бара медицинска поддршка од СЗО“.

Како што напредува епидемијата, вирусот се шири во друга измислена земја: „Република Дранма“. Дранма спроведува тешки ограничувања за да го забави ширењето на вирусот, спречувајќи масовни собири, наметнување мерки за социјално дистанцирање и наложување обврски за носење маски, слично на тешките мерки наметнати од некои нации за време на епидемиите на Ковид-19.

Друга измислена земја, наречена „Кардус“, за разлика од Република Дрнма,  ја одржува својата економија отворена и ја минимизира опасноста на вирусот, како и неговите потенцијални влијанија, и како резултат има многу поголема стапка на смртност. Во хипотетичката верзија, истражувачите наскоро откриваат дека сојот од мајмунски сипаници е отпорен на постоечките вакцини, вклучувајќи ја и вакцината против сипаници, додека научниците кои го набљудуваат вистинското ширење на вирусот денес веруваат дека вакцината против сипаници ќе биде ефикасна.

Хипотетичката верзија користена во извештајот е исто така многу позаразна од видот на мајмунски сипаници. Во сценариото, сојот е изменет, додека Светската здравствена организација во понеделникот соопшти дека нема докази дека вирусот на мајмунска сипаница мутирал.

На крајот од тестот, имагинарната пандемија предизвикува над три милијарди случаи и 270 милиони смртни случаи ширум светот – пишува Дејли мејл.

Слични објави

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....