07:33 - 10 јануари, 2026

Мајкл Беј за Вил Смит: „Во Украина умираат деца, не ми е гајле за шамарот на Вил Смит!“

„Треба да зборуваме за војната во Украина, не ми е гајле за шамарот на Вил Смит“, рече славниот режисер Мајкл Беј, додавајќи дека нема намера да ѝ дава преголемо значење на приказната.

Режисерот за време на прес-промоцијата на „Ambulance“, одби да ја објаснува шлаканицата на Вил Смит, со објаснување дека има теми за зборување со поголем приоритет во овој момент.

Да потсетиме дека режисерот работеше лично со актерот во Bad Boys 1, 2 и во Bad Boys 3, како продуцент.

Зборовите на режисерот, сепак, не беа баш онакви какви што очекуваше новинарот кој го интервјуираше:

– Како прво, погрешно е да се започне интервју на ваков начин, но јас го разбирам тоа, тоа е единственото нешто за кое во моментов се зборува. Но, не ми е гајле, навистина. Холивуд може да биде навистина егоцентричен. Во Украина во моментов се креваат деца во воздух. Треба да зборуваме за тоа.

Филмовите на Смит и Беј заработија над 400 милиони ширум светот. Вил Смит ѝ се врати на франшизата во 2020 година со третиот дел, Bad Boys for Life, во режија на Адил Ел Арби и Билал Фалах. Третиот дел заработи 426 милиони долари ширум светот.

Мајкл Беј прецизираше дека не го гледал преносот во живо на Оскарите, но дека добил неколку пораки во кои го информирале што направил Вил Смит.

Режисерот додаде:

– Сум работел со него и тој не е таков човек. Никогаш не сум видел дека ја губи контролата така. Мислев дека е нешто однапред подготвено бидејќи ја видов задоволната насмевка и сум бил на снимања со него и знам како се однесува кога ги задева луѓето или се шегува со нив. Да бидеме сериозни: тоа беше шамар. Не беше удар. Тој е човек кој е обучен за тоа (преку глумата)…Но сигурно беше лош потег.

Контроверзиите на ЏЕЈДА ПИНКЕТ СМИТ: Имала афера со пријател на син ѝ, а со раперот Тупак ги поврзала дрогата

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....