5.8 C
Скопје
03:12 - 1 април, 2026

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ тврдат дека нивниот богат сосед ги злоставува: „Нè напаѓа и пријавува во полиција“

Српскиот учесник во реални шоуа Марко Миљковиќ се огласи на својот профил на Инстаграм со шокантни тврдења дека веќе една година го малтретира соседот кој е и еден од сопствениците на компанијата што ја изградила нивната зграда, пишува српски „Телеграф“.

Имено, Марко утрово објави со фотографии од човекот за кој тврди дека се обидува да му го загорчи животот.

– Да ве запознаам со мојот сосед, водачот на нашата зграда во која што живееме, а според неговото однесување би рекол сопственик на сите нас и на нашите станови во населбата Плато Бежанија. Оваа телешка глава мисли дека може да ни го загорчува животот една година и повеќе – напишал тој покрај фотографијата од соседот.

Миљковиќ не застанал тука, па продолжил, наведувајќи дека повеќе од една година, соседот, кој е директор на сериозна компанија, му го загрчува животот на неговото семејство.

– Тој се занимава со Марко Миљковиќ повеќе од една година, можам да ви кажам драги мои луѓе дека успеав во животот. Компанијата каде што тој е директор има промет од 15 милијарди годишно, едноставно сум шокиран што таквите луѓе се занимаваат со личности од реални шоуа, ги пријавуваат во полиција, ги напаѓаат во минување (имам видео, но тоа подоцна).

На крајот, Марко јавно го предупредил својот сосед да се држи подалеку од него.

– Секоја чест, мајсторе, но време е да се тргнеш од Марко Миљковиќ, бидејќи верувај ми, мојата игра не знаеш да ја играш – напишал тој.

Миљковиќ тврди дека богатиот сосед ги тероризира и дека често им праќа полиција на врата во доцните ноќни часови.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....