7.8 C
Скопје
07:05 - 2 април, 2026

Луис Капалди, Стормзи и Мејбел освоија „Брит“ награди: Били Ајлиш за првпат ја изведе „No time to die“ во живо! (ВИДЕО)

EPA

Доделувањето на престижните Британски музички награди „Брит“ се одржа синоќа по 40-ти пат, а иако никој не го повтори успехот на Били Ајлиш од доделувањето на Греми наградите, раперите Стормзи и Дејв, како и пејачите Луис Капалди и Мејбел успеаја да се профилираат како ѕвезди на вечерта.

Церемонијата, третпат по ред, ја водеше комичарот Џејт Вајтхол.

Првата награда ја однесе раперот Стормзи, победувајќи ги Хари Стајлс, Луис Капалди и Дејв во категоријата за најдобар соло уметник.

Англиската пејачка Мејбел ги отвори Брит наградите со својот живописен настап и песната „Don’t call me up“, а потоа ја однесе наградата за најдобра соло уметничка.

За најдобар млад уметник е прогласен Луис Капалди (23), кој на сцената се појави со шише пиво во рака.

Младата музичка ѕвезда, 18-годишната Били Ајлиш, ја однесе наградата за најдобра интернационална музичарка, а воедно и за првпат имаше прилика во живо да ја изведе насловната нумера за новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд – „No time to die“.

Морам да ви кажам нешто што ми текна вечерва. Неодамна се сетив дека многумина ме мразат, а кога се искачив на сцената и ве видов сите вас како ме гледате со насмевка, тоа ме наведе на солзи и чувствувам дека сега би можела да заплачам. Така што, ви благодарам – изјави Били во својот емотивен говор.

Иако се враќаат дома со празни раце, посебно внимание на церемонијата на доделувањето на наградите привлекоа Хари Стајлс и Лизо со своите настапи, а како изгледаше тоа можете да погледнете на следните снимки… 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....