10.8 C
Скопје
09:22 - 28 октомври, 2026

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

На првата вечер од 33. издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“ блесна сцената кај Долни Сарај, а на неа меѓу бројните изведувачи се претстави и популарната Анета Љумаковска со својот бенд „Анета Бенд“. Песната „Срцево те бендиса“ се издвои од останатите, а ритамот, мелодијата и текстот веднаш влегуваат во уво.

По нивниот настап несомнено беше дека нема да заминат со празни раце, па така ни помалку ни повеќе, бендот си замина со прва награда.

фото: Анета Љумаковска/ Фејсбук

Пејачката ја сподели радоста со јавноста.

Со огромна радост и гордост споделуваме дека од настапот на Охрид Фест се враќаме со ПРВА НАГРАДА! Ова признание за нас е уште една потврда дека љубовта, трудот и посветеноста кон музиката секогаш го наоѓаат својот пат. Благодарност до целиот тим, организаторите на Охрид Фест, композиторите на оваа песна. до сите кои веруваа во нас, ни дадоа поддршка и беа дел од ова прекрасно музичко патување. А најголемо благодарам до вас, нашата публика – без вашата љубов и поддршка, секоја награда би била помалку вредна. Охрид, оваа ноќ ќе ја паметиме засекогаш! – напиша таа на профилите на социјалните мрежи.

фото: Анета Љумаковска/ Фејсбук

Тимот кој работел на оваа композиција се состои од веќе докажани имиња на музичката сцена. Текстот е напишан од перото на Анита Даева, а за музиката и аранжманот се погрижи Зисо Пуровски.

Песната има забавна мелодија, а текстот е автентичен и ја опева љубовта на млада девојка кон тапанар од Варош маало во Охрид.

фото: Анета Љумаковска/ Фејсбук

Љумаковска блесна на сцената во преубава елегантна креација во црна боја збогатена со илјадници сребрени циркони и синџирчиња. Гламурозните лелеави ретро ракави го надополнија спојот на минатото и сегашноста. Едноставно, ова беше нејзина ноќ.

Додека се случуваше настапот пејачката неколку пати суптилно се сврте кон музичарите и му упати љубовни погледни на сопругот, музичарот Рубин Размо, со кого се заедно во бендот. 

Слични објави

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо
Се вчитува....