16:01 - 27 август, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е перзистентниот форамен овале

Перзистентниот форамен овале (ПФО) претставува канал (залисток) меѓу десната и левата преткомора на срцето, кој нормално постои за време на феталниот развој, но по раѓањето треба спонтано да се затвори со првото вдишување. Кај одреден број луѓе овој отвор не се затвора целосно и останува таканаречен „перзистентен“ или „патентен“ форамен овале. ПФО е релативно честа појава и се среќава кај приближно едно од четири лица или кај 25 % од населението во светот.

Во најголем број случаи ПФО не предизвикува никакви симптоми. Поради тоа, често се открива случајно при ехокардиографски преглед направен поради друга причина. Во ретки случаи ПФО може да биде поврзан и со намалена сатурација на кислород во крвта, односно хипоксемија, особено кога значителна количина крв го заобиколува белодробниот крвоток.

Врската помеѓу ПФО и мигрената со аура е докажана, и е присутна кај 40 % до 60 % од поединци што страдаат од мигрена со аура.

Чести симптоми

• Визуелни пречки: трепкачки светла, светли точки, привремени слепи точки.
• Сензорни промени: вкочанетост или чувство на боцкање (како „иглички“), што обично започнува во едната рака и се шири нагоре по раката или кон лицето.
• Проблеми со говорот и јазикот: тешкотии при јасно зборување, нејасен говор или потешкотии при наоѓање на вистинските зборови (дисфазична аура).
• Времетраење: симптомите на аурата обично се развиваат постепено во текот на 5 минути и траат меѓу 5 и 60 минути, пред или за време на фазата на главоболка (мигрената).

Фото: Промо

Дијагностика

Главниот метод за откривање на ПФО е ехокардиографијата (ултразвучен преглед на срцето).
Се користи и доплер-ехокардиографија, со која може да се процени насоката и движењето на крвта меѓу преткоморите. Особено важен е Транскранијален доплер или „bubble test“ – тест со физиолошки раствор и микромеурчиња. При ова испитување во вената се внесува стерилен физиолошки раствор со ситни воздушни меурчиња. Нормално, тие се задржуваат во десната страна на срцето и се филтрираат во белите дробови. Доколку се појават меурчиња во левата преткомора, тоа може да укажува на постоење комуникација, како што е ПФО. Ова е целосно безопасен и безбеден тест.

Трансезофагијалната ехокардиографија се користи за докажување и одредување на димензиите на ПФО. За проверка на евентуални компликации од постоење на ПФО, како емболија со мозочни удари, се прави магнетна резонанца на мозок.
Сите пациенти со мигрена имаат потреба од магнетна резонанца на мозок и иследување за ПФО.

Фото: Промо

Третман (лекување) на ПФО

Најважно е да се нагласи дека поголемиот број лица со ПФО не бараат никаков третман. При случајно откриено ПФО асимптоматско и без компликации поврзани со него, не се препорачува третман со затварање. Кај внимателно избрани пациенти, особено кај лица со исхемичен мозочен удар без друга утврдена причина за него, може да се разгледува затворање на ПФО за намалување на ризикот од повторен мозочен удар. Одлуката не се носи само врз основа на фактот дека постои ПФО, туку по детална процена од кардиолог и невролог и исклучување други можни причини за мозочниот удар.

Најчестата метода за третман е катетерско затворање на ПФО. Преку венски крвен сад, најчесто во пределот на препоната, се внесува тенок катетер што се насочува до срцето. Преку катетерот се поставува специјален уред (чадорче), кој трајно го затвора отворот (каналот) меѓу преткоморите. Поретко се применува хируршко затворање, најчесто кога пациентот и онака треба да биде подложен на кардиохируршка операција поради друга причина (кардиолошки болести).

Д-р Вилма Ампова Соколов
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија

За информации и закажување јавете се на тел. 02/3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

Еспресо

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо
Се вчитува....