Мелина Џиновиќ со недели беше во центарот на скандал во елитните кругови на Кнежевството Монако, пишува српскиот портал Гранд.рс.
Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ направила вистински хаос во луксузниот бутик „Хермес“ во Монте Карло, бидејќи продавачките не сакале да ѝ ја продадат чантата што долго време ја посакувала.
Балканската дизајнерка, наводно, ги прекршила строгите правила што важат за купување нови модели на овој бренд, а екипата на „Курир“ го посетила бутикот и разговарала со продавачка која, при самото споменување на името на Мелина, само превртела со очите.
„Многу добро ја познавам дотичната госпоѓа, неодамна се омажи за еден постар човек. Во последно време ја нема, веројатно ѝ е непријатно по сцената што ја направи. Ќерката исто така е наша редовна клиентка, но таа е навистина пристојна и фина. Знаете, кај нас во бутикот доаѓаат членови на кралски семејства, нафтени магнати и милијардери и светскиот џет-сет, но сцената што таа ни ја приреди бидејќи во тој момент не ги исполнуваше условите за моделот „Биркин“ навистина беше ужасна. Таа жена тогаш беше толку дрска и безобразна што немам зборови“, рекла продавачката од бутикот „Хермес“ во Монте Карло и продолжила:
„Колешката љубезно ѝ објасни дека не може да ѝ излезе во пресрет бидејќи правилата на компанијата не ни го дозволуваат тоа. Ја надминала квотата за тој период и тоа беше тоа. Тоа толку ја разбесни што почна да вика, па ги вознемири и останатите клиенти кои пазареа. Поради претрпениот шок, колешката потоа неколку дена беше и на боледување. Доживеа голем стрес поради таа жена. Потоа беше непријатна и кон менаџерот, кој исто така се потруди околу неа. Оттогаш, иако потоа повеќепати ѝ излегувавме во пресрет, таа не е добредојдена во нашиот бутик. Пари можете да имате, но култура и стил дефинитивно не можете да купите. Тоа се носи од семејството, тука не помага ни „Биркинката“ – заклучила продавачката.
Мелина не одговорила на пораката во која требало да даде коментар на овие тврдења.
Инаку, Мелина и на самата венчавка со британскиот милионер Џефри Пол Арнолд, но и подоцна на прославата во Портофино, носела чантичка „Хермес Кели“, која ја купила само девет дена пред церемонијата, и тоа во истиот бутик во Монако. Нејзината цена била 6.400 евра.
До скандалот во бутикот дошло бидејќи продавачките во продавницата ѝ објасниле на Мелина дека во тој момент не ѝ е дозволено да купи нова „Биркинка“.
„Мелина е опседната со чантите „Хермес“, особено со моделите „Биркин“ и „Кели“, кои се најскапи и најбарани. Има неколку, а последната во низата била „Кели“ од крокодилска кожа, која ја добила како подарок за свршувачката од партнерот. Меѓутоа, во „Хермес“ важат посебни правила кога станува збор за купување на овие модели. Постојат таканаречени квоти, кои таа минатата година ги надминала, а го немале моделот што го барала. Тогаш се изнервирала и почнала да вика“, раскажал тогаш извор за „Курир“.
