8.8 C
Скопје
00:56 - 8 октомври, 2026

Марко Марк замина на Бали: Ова е местото каде што се открив себеси

Водителот Марко Марк деновиве ужива во убавините на Бали, од каде што сподели фотографии од природата, храмовите и оризовите полиња, но и емотивна порака за она што го почувствувал за време на патувањето.

Познат како голем љубител на патувањата, природата и авантурите, Марк вели дека Бали за него не е само уште една туристичка дестинација, туку место кое го поттикнало подлабоко да размислува за себе и за животот.

„Уште едно просветлување. Можеби токму тоа е величествениот Бали – не место што едноставно го откриваш и набљудуваш, туку место што ти помага толку длабоко да се откриеш себеси. Овде духовноста не е одвоена од секојдневниот живот, таа тече низ храмовите, водата, оризовите полиња, природата, ритуалите, животните, луѓето, насекаде околу тебе… Тоа е тивката лекција на Три Хита Карана: да живееш во хармонија со светот околу тебе, со луѓето покрај тебе и со светот во тебе. Ти благодарам, мој најмил и нежен Бали“, напиша Марк.

Марко Марк со години е присутен во македонскиот медиумски простор како телевизиски и радиоводител и новинар. Публиката особено го препознава како едно од лицата на утринската програма на ТВ Телма, а низ годините работеше и во радиоетерот. Познат е и како голем љубител на природата, планинарењето, велосипедизмот и патувањата.

Дел од неговото детство е поврзано со островот Хвар, каде што живеел до седумгодишна возраст. Во интервју за „Слободен печат“ раскажа дека и денес со силни емоции се сеќава на Јадранот, морето, старите сокаци, туристите и различните јазици што ги слушал како дете. Неговото семејство подоцна се преселило во Скопје, каде што живее од почетокот на 1990-тите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Mark (@markomarkmm)

Во истото интервју за „Слободен печат“, Марк зборуваше и за тешката сообраќајна несреќа што ја преживеа, кога возило го удрило на пешачки премин. По тешките повреди, операцијата и повеќемесечното закрепнување, тој рече дека е бескрајно благодарен што повторно е на нозе и што добил можност да продолжи со животот.

Неодамна, во поткастот „Со Ана на ТИ“ на „Слободен печат“, Марк повторно се наврати на несреќата и на моментот кој силно му го променил погледот кон животот. „Кога се разбудив во брзата помош и ги почувствував стапалата, бев најсреќниот човек“, рече тој.

Токму љубопитноста кон светот и потребата постојано да открива нови места се дел од неговиот карактер. Марк во едно од своите интервјуа откри дека уште како дете сакал да биде туристички водич, пилот или да работи во авијацијата, иако новинарството и радиото отсекогаш биле меѓу неговите големи љубови.

Слични објави

Тарик Филиповиќ ѝ го честиташе 50. роденден на убавата Лејла со емотивна порака: „Никој никогаш нема да те сака како што те сакам јас“

Еспресо

Пејачот од „Мајами бенд“ откри детали од прославата на ќерките на Карлеуша и Тошиќ: „Душко беше погалантен“

apostolova

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид — семејна прослава покрај Охридското Езеро

К.С.

(Видео) Му ја продала куќата на Новак Ѓоковиќ, па изградила вила на Космај: Елена Караман ја покажа својата луксузна оаза

Еспресо

(Видео) Ксенија Николова го прекрои костумот од нејзиниот татко: „Кога го носам ја чувствувам неговата енергија“

Еспресо

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо
Се вчитува....