13.8 C
Скопје
21:59 - 7 октомври, 2026

Џина Џиновиќ откри детали од патувањето во Грција со Мајка ѝ и очувот

Џина Џиновиќ, ќерката на познатиот пејач Харис Џиновиќ и дизајнерката Мелина, деновиве престојува во Грција заедно со мајка ѝ и нејзиниот сопруг, милионерот Џефри Пол Арнолд Деј. Преку видео-влог на својот профил на Тикток, таа сподели искрени детали за тоа како го минуваат времето и како изгледа нивното заедничко летување. Таа откри дека досега посетиле дури 25 острови и дека наместо по ноќни клубови и барови, нејзиното семејство постојано ја носи на културни локации и музеи.

Притоа, Џина призна дека најтешко ѝ паѓа раното будење бидејќи тие ја будат секој ден уште во девет часот наутро, иако таа претпочита да спие до пладне. И покрај тоа што понекогаш е нервозна поради промената на рутината, таа истакна дека се труди да воведе позитивни промени во животот, поретко излегува и сака да се фокусира на факултетот и на сопствениот личен развој.

Покрај тоа, Џина искрено прозборе и за својот здравствен проблем, откривајќи дека се бори со Хашимото тироидитис, поради што одредени стресни ситуации и нередовната терапија веднаш му влијаат на организмот.

Понатаму во видеото, таа го пофали изборот на нејзиниот очув кој резервирал исклучително романтичен ресторан со прекрасен поглед, каде што уживаа во вечерните часови. Џина низ насмевка истакна дека конечно јадат месо бидејќи ѝ здосадила рибата, додека Мелина се одлучила за рижото со ракчиња. На крајот, таа порача дека е цврсто решена да го промени својот животен стил и да биде поупорна и посталожена во иднина.

Слични објави

Пејачот од „Мајами бенд“ откри детали од прославата на ќерките на Карлеуша и Тошиќ: „Душко беше погалантен“

apostolova

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид — семејна прослава покрај Охридското Езеро

К.С.

(Видео) Му ја продала куќата на Новак Ѓоковиќ, па изградила вила на Космај: Елена Караман ја покажа својата луксузна оаза

Еспресо

(Видео) Ксенија Николова го прекрои костумот од нејзиниот татко: „Кога го носам ја чувствувам неговата енергија“

Еспресо

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С
Се вчитува....