7.8 C
Скопје
19:30 - 20 февруари, 2026

Љубовната приказна на кралицата Ранија и кралот Абдулах: Кога зборувам за нашата прва средба, приказната звучи како бајка, но реалноста е поинаква

Јорданскиот крал Абдулах Втори и кралицата Ранија на 10 јуни ќе прослават 29 години брак и важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена кои никогаш не ја криеле својата наклонетост еден кон друг и кои три децении го водат Јордан и извршуваат бројни државни должности.

„Како да не се заљубите во оваа насмевка, одново и одново, од година во година. Толку сум среќна и благодарна што си покрај мене“, напиша кралицата Ранија во една прилика.

Се запознале во август 1992 година, на вечера кај сестрата на Абдула – принцезата Ајше, со која убавата Ранија била блиска пријателка.

Јорданскиот крал во една прилика опиша како изгледа овој момент.

-Кога ја погледнав, си помислив: „Колку убава дама. Имаше 22 години и не поминуваше многу време во Јордан, бидејќи пораснала во Кувајт и се преселила во Јордан за време на Заливската војна.

Абдулах се обидел да и се јави по вечерата, но Ранија била тврд орев. „Слушнав некои гласини за тебе“, му рекла таа, но тој имал подготвен одговор: „Не реков дека сум ангел, но половина од тоа што си го слушнала за мене се само празни приказни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Идниот монарх побарал од заедничка пријателка да и каже на Ранија дека има сериозни намери, но таа сепак одбила каков било контакт.

Откако Абдулах во ноември ѝ испратил кутија со најдоброто белгиско чоколадо, убавицата попуштила и ја прифатила неговата покана за вечера; а тој дал се од себе и сам го подготвил оброкот!

Нивните пријатели рекле дека Абдулах ја извлекол Ранија од нејзината школка и дека таа ја скротила неговата дива природа.

-Работите се развиваа и почнавме се повеќе да разговараме и да излегуваме заедно. Ја поканив Ранија на вечера на 30 јануари за мојот роденден, а татко ми седеше до мене и беше воодушевен од нејзината убавина и интелигенција. Тој ми се јави истата вечер и ме праша: „Кога сакаш да ги запознаам нејзините родители?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

„Ја однесов Ранија на едно од најубавите места – планината на периферијата на Аман Тал Ал-Руман. Излеговме од автомобилот и ѝ реков дека нашата врска оди во вистинска насока и дека бракот е добра идеја. Јас се насмеав, а таа молчеше. Тишината ја сфатив како да. По две недели ги посетивме нејзините родители и добивме одобрение за брак“, открил владетелот на Јордан.

„Имаше неодолива насмевка и енергија со која привлекуваше како магнет. Што да кажам, се е историја. Кога зборувам за нашата прва средба, приказната звучи како бајка, но реалноста е поинаква. Да се ​​биде кралица е всушност работа како и секоја друга“, рече Ранија во едно од ретките интервјуа за нејзиниот приватен живот.

Во февруари 1999 година, Абдула стана крал на Јордан, а Ранија најмладата кралица на светот на 28 години!

Абдула и Ранија имаат четири деца – ќерките Иман и Салма и синовите Хусеин и Хашем.

Слични објави

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.
Се вчитува....