09:07 - 13 ноември, 2026

Лизо доживеа нов неуспех: „Кариерата ѝ е брод што тоне“, елиминирана и од листата учесници на Супер Боул

Кариерата и репутацијата на Лизо веќе се споредуваат со брод што тоне. Тимот на пејачката прави се за да ја спаси, но засега работите само се влошуваат.

Продолжува црната низа денови во животот на 140 килограми тешката американска пејачка, раперка и актерка Лизо. Откако поранешните танчерки ја обвинија за малтретирање и навреди поврзани со нивниот изглед, фановите почнаа масовно да се откажуваат од славната личност, но и спонзорите кои ја поддржуваа. Според Дејли Мејл, цитирајќи инсајдер од НФЛ, таа сега е елиминирана и од листата на учесници на полувремето во Супер Боул. Причината се споменатите обвинувања и бурните реакциите во јавноста кои следеа.

„Разговорот за Лизо дека ќе учествува во прославата на паузата на Супер Боул или ќе ја пее националната химна е мртов сега кога таа е опкружена со скандали“, вели изворот.

Бидејќи Лизо е елиминирана од потенцијалниот список за овогодинешни учесници на Супер Боул во Лас Вегас во февруари 2024 година, нејзиниот тим се соочува со очајна борба да ја спаси нејзината кариера и углед. Сега тие се борат да откријат како да го спасат бродот на нејзината слава што тоне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating)

„Станува сè потешко и потешко, бидејќи се повеќе луѓе ја обвинуваат за крајно несоодветните постапки. Лизо заработи огромна сума пари, но изгледа дека нејзиниот момент на слава е речиси завршен и никој не знае дали ќе може да се опорави од ова. Ако проговори, нејзините изјави ќе бидат демантирани. Ако молчи, ќе ја наречат кукавица“, објаснува изворот за Дејли меил.  .

Во моментов ниту НФЛ ниту самата Лизо не ги коментираа добиените информации за нејзиното прешкртување од листата учесници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating)

 

 

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....