04:07 - 3 април, 2026

Линдзи Лохан и Бадер Шамас се венчаа: „Ти си мојот живот, моето сè“

Актерката и банкарот со арапско потекло кажаа „да“, објавувајќи ја веста на социјалните мрежи. Почеток на нов „среќен и здрав“ живот. 

Тоа беше уште еден од најочекуваните бракови во 2022 година помеѓу Линдзи Лохан и Бадер Шамас. Нема веќе да се чека: американската актерка, бивша вундеркинд – која на големото платно е уште од дете и финансиерот со арапско потекло штотуку се заколнаа на вечна љубов.

За својот 36ти роденден, на 2 јули, Линдзи Лохан го откри избраникот на нејзиното срце со фотографија објавена на Инстаграм пишувајќи „Јас сум најсреќната жена на светот. Ме запозна и знаев дека во тебе ќе најдам среќа и благодарност, истовремено. Не ми се верува дека си мојот сопруг. Мојот живот и моето сè. Секоја жена треба да се чувствува така секој ден“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

Дека тој збор „сопруг“ не е случајно употребен, потврдуваат добро информираните списанија Пипл и Пејџ Сикс, според извор близок на парот. Тие се венчале вчера, во петокот вечерта на 1 јули.

Инаку, двајцата ја објавија својата свршувачка минатиот ноември, со галерија од многу нежни фотографии придружени со зборовите „Љубов моја. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....