5.8 C
Скопје
07:08 - 1 април, 2026

Лепа Лукиќ откри кој ќе го наследи нејзиниот имот, но има еден услов за да дојде до богатството

Кралицата на народната музика, Лепа Лукиќ, зад себе има многу завидна кариера која ѝ донесе големо богатство. Поседува неколку имоти, вреден накит и заштеди на банкарска сметка. Бидејќи нема деца, многумина се прашуваат дали Лепа Лукиќ напишала тестамент и дали е познато кој ќе го наследи целиот нејзин имот.

Пејачката истакна дека целото богатство што го стекнала во текот на својата 50-годишна кариера ќе му го остави на својот внук Радисав, но мора да исполни еден услов.

Имено, по смртта на пејачката, нејзиниот внук ќе го добие ресторанот, двата стана, куќата и сите заштеди на Лепа, но под еден услов.

– Напишав тестамент во кој наведов дека мојот внук мора да се грижи за мачката, ако јас заминам пред неа. Радисав треба да се грижи за Маза, да се грижи за неа и да ја гали, и ќе наследи сè што сум стекнала во текот на мојот живот. Сè е напишано во документот што го чува мојот адвокат – рече Лепа и додаде дека е многу приврзана кон мачето што го посвоила пред девет години.

– Таа е чудо од мачка, ја гледам како мое дете. Затоа морав да се погрижам за неа и да знам дека ќе биде добро кога ќе одам на другиот свет. Од 2011 година, ние две живееме заедно како мајка и ќерка – изјави Лепа за „Информер“ и нагласи дека разговара со Маза како со човечко суштество.

– Таа е многу паметна, дури и попаметна од мене! Никогаш не се качуваше на масата додека јадев, како што прават другите мачки. Ги има своите гранули и кога вели: „Мјау“, ја прашувам: „Сине, кажи ми што сакаш, кажи ѝ на мама што сакаш?“ Одиме заедно до нејзината чинија со храна и јас ѝ истурам гранули за да јаде. Кога ќе се накрка, одиме во спалната соба, го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека да спиеме заедно. Да живеев сама, ќе полудев! Со Маза никогаш не сум сама – рече Лепа.

Во една прилика, пејачката се осврна на својата младост и зошто никогаш не ја исполнила својата улога како мајка.

– Се откажав од сè во младоста за да пеам, не сум неплодна. Го абортирав првото дете поради мојата кариера. Бев млада! Подоцна, веќе никогаш не можев да забременам. Имам внука и внук од мојот братучед за кои би дала сè, дури и мојот живот. Секогаш им помагам и им купувам што и да им треба – отки Лепа за Свет.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....