18:02 - 7 ноември, 2026

Лекарите ѝ забраниле на Весна Змијанац да пее: Таа го прекршила лекарскиот совет

Весна Змијанац се појави на настан во Белград каде проговори за својата здравствена состојба. Дивата на народната музика како и секогаш се фати за микрофонот и ги забавуваше гостите со дел од нејзините многубројни хитови. Здравствената состојба на Весна Змијанац пред неколку месеци беше многу лоша, а пејачката извесно време не пееше, на жалење на оние кои уживаат во нејзиниот глас.

Весна, која на прославата се појави многу послаба, призна дека не може без пеењето и дека едвај чека да се врати на работа. Таа признала дека лекарите ѝ забраниле да пее, но таа моментално не ги слуша нивните совети и го прави тоа на сопствена одговорност.

За потсетување, на Весна минатата година и беше поставен бајпас, а неколку месеци подоцна се врати на работа. Но, и по операцијата се случи Змијанац да откаже еден настап поради лошата здравствена состојба.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....