21:24 - 20 ноември, 2026

Легендарните „Deep purple“ имаат нова песна и спот: Преслушајте ја „Throw my bones“ (ВИДЕО)

Легендарниот британски рок состав „Deep purple“ го најавија својот 21. студиски албум наречен „Whoosh!“, кој на пазарот би требало да се најде на 12 јуни.

Албумот го најавија пред два дена и тоа со песна под назив „Throw my bones“, која е проследена со нов спот.

Албумот е во продукција на Боб Езрин, а песната поставува прашања за тоа во каква состојба се наоѓа општеството денеска, но и нашата планета.

Во спотот учествува астронаут, кој минува низ различни секојдневни сцени. Тој истовремено ги гледа убавините на природата, како и суровата реалност на градот низ кој се движи.

– Тоа е повик за сите нас да застанеме и да ја погледнеме пошироката слика, да дејствуваме и навистина да разгледаме во каква состојба се наоѓа нашата планета моментално“, стои во описот за оваа песна на бендот.

Погледнете го спотот и преслушајте ја песната, па сами проценете дали ви се допаѓа…

Слични објави

(Фото) Најзгодната српска актерка се соблече и го покажа совршеното тело: Еве на која егзотична дестинација ужива

Еспресо

Драган Стојковиќ Босанац за проверката на дипломата во РТС и новиот ангажман: „Нема тука на чесен збор, мораше да се достави заверена копија“

Е.А.

Слоба Радановиќ и неговата сопруга открија низ каков пекол поминувал нивниот син поради врсничко насилство: „Соседите гледаа како детето ни се враќа со крваво уво“

Еспресо

Семејството Тошиќ има повод за славење: Мајката на Душко наполни 76 години, честитки пристигнаа од синот и внуката

Еспресо

Полна Месечина во Близнаци на 24 ноември — четири хороскопски знаци пред важна одлука

К.С.

„Компромисно решение за мир во домот“: Девојката на Виктор Живојиновиќ се огласи од неговиот стан

Еспресо
Се вчитува....