8.8 C
Скопје
10:02 - 31 март, 2026

Кралот на рокенролот го објави првиот албум, „Црвена јабука“ го претстави своето деби издание и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја го паметиме по неколку настани, а веројатно најмногу по албумот насловен „Елвис Присли“, првото официјално издание на кралот на рокенрол музиката, од кој излегоа бројни хитови.

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа историјата на музиката на 23 март:

1949 година – Рик Окасек, пејач и главен автор во американската група „The cars“.

1953 година – Родена Чака Кан, американска соул, ар-ен-би и фанки пејачка.

1956 година – Излезе првиот албум на Елвис Присли, кој беше насловен токму по неговото име. На ова издание се наоѓаат 12 песни, снимени уште од летото во 1954 година. Песните „Blue suede shoes“, „Tutti Frutti“, „I got a woman“, „Blue moon“ и „Money honey“, претставуваа силни аргументи за продолжувањето на огромната популарност на кралот на рокенролот, која пејачот ја стекна со синглот „Heartbreak hotel“.

1960 година – Роден Даворин Боговиќ, рок пејач во групите „Цифершлус“, „Прљаво казалиште“ и „Даворин и Боговиќи“.

1964 година – Роден Едо Мулахалиловиќ, поп гитарист, пејач, автор, соло изведувач, а своевремено и член на групата „Хари Мата Хари“.

1968 година – Роден Дејмон Албарн, британски пејач и автор, познат како водечки вокал и клавијатурист во инди рок групата „Blur“, односно еден од авторите на проектот „Gorillaz“.

1983 година – Американската група „ZZ Top“ го објави својот 7. студиски албум под назив „Eliminator“. Ова издание се смета за едно од најдобрите во рок музиката, а го сочинуваа доста успешни синглови помеѓу кои се најдоа – „Gimme all your lovin’“, „Got me under pressure“, „Sharp dressed man“, „TV dinners“ и „Legs“.

1986 година – Излезе дебитантскиот албум на групата „Црвена Јабука“. Како најголеми хитови се одделија песните „Дирлија“, „Бјежи кишо с прозора“, „Са твојих усана“ и „Бивше дјевојчице, бивши дјечаци“.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....