10:40 - 13 ноември, 2026

Компанијата на Маск се соочува со федерална истрага поради убиство на 1.500 животни: „Тестирањето на животните е избрзано, предизвикува непотребно страдање и смрт“

Компанијата за медицински помагала на Илон Маск Neuralink е под федерална истрага за можни прекршувања на правата за животни поради поплаките од внатрешниот персонал дека тестирањето на животните е избрзано, предизвикувајќи непотребно страдање и смрт, пренесува Ројтерс.

Компанијата Neuralink разви мозочен имплант за кој се надева дека ќе им помогне на парализираните луѓе повторно да одат, но и да излечат други невролошки состојби. Претходно непријавена федерална истрага беше покрената во последниве месеци од страна на генералниот инспектор на USDA на барање на федералниот обвинител, според две лица запознаени со истрагата.

Истрагата, според еден од изворите, е фокусирана на прекршување на Законот за благосостојба на животните, кој регулира како истражувачите третираат и тестираат одредени животни.

Истрагата започна поради растечкото противење на вработените за тестирањето на животните на Neuralink, вклучително и поплаки за притисок од Маск да го забрзаат развојот, што довело до неуспешни експерименти.

Ваквите неуспешни тестови морале да се повторат, велат вработените, зголемувајќи го бројот на тестирани и еутанизирани животни. Документите на компанијата вклучуваат аудио снимки, имејли, презентации и извештаи.

Маск и другите директори на Neuralink одбија да коментираат.

Севкупно, компанијата убила околу 1.500 животни, меѓу кои повеќе од 280 овци, свињи и мајмуни, од експериментите од 2018 година.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....