2.8 C
Скопје
20:15 - 17 декември, 2024

(Колумна на Милан Банов) Мини цртички за макси нешта: Дипломата не живее овде

Толку многу цртички, навидум различни, секојдневни, обични, а всушност исти – единствена слика на која ќе ви се покаже микрокосмосот на човековата егзистенција, слика низ која ќе се оцрта суровиот паноптикум на општеството во време на криза и сиромаштија.

Цртичка прва: Се возам деновиве со такси, со таксистот со кого се знам „сто години“ правиме муабет за некои дамнешни времиња кога катарзично го доживувавме ослободувањето од „стегите“ на образовниот систем – кога дипломиравме. Да, мојот познаник е дипломиран филозоф, но кај нас, како што е познато, да филозофираш значи да зборуваш глупости („ај, не филозофирај“), па според тоа дипломата му е бесполезна, ништожна кога станува збор за вработување. Со таксито е полесно – положен возачки испит и проста манипулација со таксиметарот. Сепак, му велам, не биди неправеден, сега барем знаеш на што мислел Киркегор кога зборувал за очајот, или Ниче за нихилизмот, Сартр за егзистенцијализмот, а собено Фром за „Бекството од слободата“.

Цртичка втора: Сега сум во автобус, во приватна „19“. Вниманието ми го привлекува гордо истакната диплома на завршен студент/сообраќаен инженер и до неа друштво и прави метален крст на кој секојднево му се му се моли возачот повторно да не поскапат горивата и, не дај Боже, да не му цркне моторот. Љубопитен, каков што сум, прашувам „Чиј е овој убав врамен пергамент“? „Мој“, вели, и повторно се крсти, а и јас со него.

Цртичка трета: Запознавам, еве баш деновиве, уште еден инженер, но овој е електро и, нормално, стручен да поправа пегли, шпорети, машини за перење, да менува бушони… приватно по куќи, зашто фирмата каде што работел отишла во стечај. И неговата диплома е врамена, виси на ѕидот во спалната соба, ја милува со погледот, си ја потхранува незгасливата суета (па тој е дипломиран електроинженер) и, се разбира, ѝ е вечно благодарен што кога се плетка околу трифазната струја не може да го „утепа“ струјата. А, и му помага кога го подучува синот по предметот математика – кога решаваат дропки.

Цртичка четврта: На гости ми доаѓа драг пријател, прво дипломираше на Историја на уметност, па магистрираше, па докторираше, па сега со уметнички порив ја мести шведската маса во еден скопски приватен хотел, а по потреба е и на рецепција и со ренесансен жар во очите на гостите им ги препорачува убавините на нашиот бароктен град. Инаку, пред ова работно ангажирање, „канцеларијата“ му беше на мостот на уметноста, каде на картонска кутија ги изложуваше/продаваше своите гипсени фигурички од античкиот период (Александар, Филип, Олимпија, Букефал…), но набрзо увиде дека гипсот е дефицитарен материјал (заедно со бронзата), ептен се потроши во Скопје, а и како со своите ситни производи да им конкурира на мастодонтските гипсени зданија и ликови. Од друга страна, постоела доста извесна опасност, поради местоположбата на изложбениот салон, да се фрли и удави во Вардар. Да не заборавам, докторатот (имав чест да присуствувам на неговата одбрана) му е токму за нашиот убав гипсен град, што, се разбира, нема никаква врска со тоа што не може да најде работа во струката.

Цртичка петта, шеста, седма, осма… стота… илјадита… и сите сеедно ќе ни сведочат дека дипломата не живее овде, изгонета е, побегнало тоа парче калиграфски испишана хартија на некој ѕид, во автобус, се сокрило во фиока, меѓу сметките за струја и вода и ќе ѕирне само тогаш кога ќе го илуминира него партиска или непотистичка светлина. Ликовите од моите цртички веќе немаат надеж дека негогаш ќе добијат вработување соодветно на нивното завршено образование. Нивниот поглед (ако веќе не е доцна) е упатен некаде далеку и досега хоризонт надвор од македонските граници. Јунакот од цртичката четири, на пример, го здогледал Исланд, за да ги доживее белите ноќи и да побегне од црните денови.

 

Слични објави

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо

Саша Ковачевиќ со секси мускули: Поради тоа како изгледа во новите спотови, никој не ни обрнува внимание на песните

Еспресо

Милица Тодоровиќ ги откри мрачните тајни на шоу-бизнисот: На естрадата не се знае кој повеќе се дрогира

Еспресо

Мина Костиќ откри: Би била среќна повторно да станам мајка

Еспресо

Јелена Карлеуша донира милионска сума за градот Крагуевац: Тоа е мојот новогодишен подарок

Еспресо

(Фото) Гол стомак и шлиц до колковите: Ќерката на Гоца Тржан позира во смел фустан!

Еспресо
Се вчитува....