13:56 - 12 март, 2026

Колку „тежи“ бебето на Ријана? Не во килограми туку во нето-вредност

На 13 мај, поп ѕвездата Ријана и нејзиното момче A$AP Роки станаа родители на момче. Ова е прво дете на Ријана, па многумина се прашуваат колку „тежи“ бебето? Не зборуваме за телесна тежина, туку за жиро-сметка. 

Да почнеме од имотот на мајката. Од минатата година Ријана е и официјално милијардерка, но нејзините вртоглави суми на заработувачка не доаѓаат само од музиката туку пејачката од Барбадос е секојдневно активна благодарение на други интереси. Секако, таа е најбогатата пејачка во музичката индустрија и втора најбогата во светот на забавата, по Опра Винфри. Постигнувањето на оваа пресвртница пејачката ѝ го должи на својата козметичка компанија пред сè, а малку помалку на музиката.

За да ја направиме математиката на џебот на Ријана, тука е веќе Форбс, кој пресметал дека благодарение пред се на Fenty Beauty, имотот на пејачката се проценува на околу една и пол милијарда евра од кои нешто повеќе од милијарда доаѓаат од компанијата за козметика која името го носи од нејзиното оригинално презиме, имајќи предвид дека вистинското име на Ријана е Робин Ријана Фенти, додека остатокот од нејзиниот имот доаѓа главно од нејзината компанија за долна облека Savage x Fenty која вреди околу 230 милиони евра, а остатокот од музика и глума.

Накратко, Ријана денес е пред се претприемач во козметика и долна облека, иако во светот е позната како една од главните поп ѕвезди на овој век.

Тука е и таткото на бебето. Нето вредноста на Роки е проценета на 10 милиони долари, односно тој е меѓу најбогатите рапери во светот. Но не е самот тоа, тој е сопственик на Мајбах Мјузик и Рик Рос, од 2022 година, со мрежа вредна 40 милиони долари. „Тежината“ на Роки сепак, е далеку полесна од нето богатство на неговата девојка Ријана од 1,7 милијарди долари.

Во секој случај, на новороденчето нема да му недостигаат пари во животот, а како и на што ќе ги искористи, и дали ќе стане само едно од неуспешните деца на славните или напротив, ќе ги наследи и развие семејните бизниси, останува животот да покаже.

Слични објави

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin
Се вчитува....