09:52 - 5 декември, 2025

Колинда Грабар Китаровиќ откри како ја одржува линијата: Тестенините ги заменувам со тиквички…

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ во изминатиов период може да се пофали со својот одличен изглед и совршена линија. Сега, таа за „24 часа.хр“ откри како ја одржува линијата долги години и кои се тајните и триковите на нејзината кујна и здрава исхрана.

Имено, Колинда вели дека не практикува нискокалорични диети. Таа не јаде храна богата со празни калории, туку ја заменува со храна богата со хранливи материи, па помфритот го заменува со грчка салата.

„Не бројам калории, но внимавам на гликемискиот индекс на храната. Не консумирам додаден шеќер и калорични пијалоци. Целосно го исфрлив додадениот шеќер од исхраната, а солта и скробот ги намалувам колку што можам“, изјавила поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Грабар Китаровиќ консумира само маслиново масло и вели дека ја сака медитеранската кујна, особено онаква каква што ја готвела нејзината баба.

„Многу различни крајбрежни зеленчуци, боранија и грашок, многу зелен лиснат и друг зеленчук без или со малку скроб, многу различни салати, риба, пилешко, јаткасти плодови и семки, обичен јогурт или кефир, палента“, таа ги набројала намирниците кои се на нејзиното мени.

Повремено консумира и црвено месо или болоњезе кои сама ги готви. Колинда рекла дека обожава авокадо, но дека е тешко да се најде добро и доволно зрело авокадо. Лебот го избегнува, но понекогаш го јаде поради патувањата и ритамот на животот.

„Сакам пица, но ретко си ја дозволувам, само кога сум надвор со добро друштво. Кога нарачувам пица, таа мора да биде полна со зеленчук. Имам среќа што навистина сакам зеленчук и салати и не можам да живеам без нив, исто како без добра супа или чорба“, рекла Грабар-Китаровиќ.

Таа го открила и својот трик за намалување на количината на тестенини.

„Многу малку тестенини мешам со тестенини од тиквички што ги правам сама. Ги посолувам малку да се ослободи водата, ги цедам и загревам во тавче со нелепливо дно да останат крцкави и ги мешам со болоњезе сосот. И јас сакам паштицада, но само онаа што сама ја правам. За среќа, тоа е толку комплицирано и потребно е толку време за да се направи, па е многу ретко, бидејќи што е паштицада без њоки“, заклучила Колинда.

Слични објави

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо
Се вчитува....