6.8 C
Скопје
16:04 - 22 декември, 2024

Која е Лорин? Бисексуалка, активистка, уметница и втор изведувач во историјата кој двапати победил на Евровизија

Лорин е веќе добро познато име, не само во родната Шведска, туку и меѓу евровизиските фанови, а на Евровизија  веќе победи во 2012 година кога ја изведе песната Еуфорија. Таа се спомнуваше како фаворитка на годинешниот натпревар практично уште откако победи на шведскиот натпревар за песна на Евровизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOREEN (@loreenofficial)

Со вчерашната победа таа стана втор изведувач во историјата кој двапати победил на Евровизија. Досега тоа го има направено само ирскиот кантавтор Џони Логан, кој победи во 1980 и 1987 година.

Шведска може да се пофали со чести добри резултати на Евровизија. Таа победи во 1974 година со АББА, во 1984 година со Херис, во 1991 година со Керол, во 1999 година со Шарлот Нилсон, во 2015 година со Манс Зелмерлов и со Лорин во 2012 година и сега во 2023 година.

Лорин, 39-годишна Швеѓанка чие вистинско име е Лорине Зинеб Нора Талхауи, е ѕвезда на шведската музичка сцена откако се најде во центарот на вниманието во 2004 година, кога заврши на четвртото место во шведската верзија на шоуто за таленти Идол.

Следната година, таа го издаде својот прв сингл, “The Snake” со бендот Роб’н’Раз и стана телевизиска водителка на ТВ400. Потоа работеше како продуцентка и режисерка на неколку шведски реални ТВ-шоуа.

Таа за прв пат се натпреваруваше за Евровизија во 2011 година на Мелодифестивален со песната „My Heart Is Refusing Me”. Тоа беше нејзино прво појавување во јавноста по речиси осум години отсуство по учеството во Идол. Тогаш во второто полуфинале заврши четврта, но не се пласираше во финалето по „дуелот“ со Сара Варга. Сепак, по официјалното објавување на синглот, песната стана хит во Шведска и подоцна беше повторно објавена на нејзиниот деби албум насловен Heal во 2012 година.

Нејзиниот втор хит од тој албум беше „Crying Out Your Name“ кој беше многу популарен во Шведска.

Една година подоцна, нејзината голема победа дојде на Евровизија 2012. Во првото полуфинале на Мелодифестивален, Лорин отиде директно во финалето и ја претставуваше Шведска во Баку со песната „Еуфорија“. Песната победи на натпреварот со вкупно 372 поени од 40 земји.

Таа се врати на Мелодифестивален во 2017 година со новата песна „Statements“ со желба повторно да ја претставува Шведска. Во полуфиналето не се пласираше директно во финале, изненадувачки не доби доволно гласови иако нејзиниот настап беше пофален од критичарите и публиката.

Оваа година таа повторно се пријави и победи со песната „Тетоважа“, која по победата на Мелодифестивален се издигна на врвот на шведските топ листи. Оттогаш, Лорин влезе на топ листите на вкупно 14 земји, вклучувајќи ги Белгија, Исланд, Холандија, Грција и Швајцарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOREEN (@loreenofficial)

Покрај албумот „Heal“, Лорин го издаде и албумот „Ride“ во 2017 година и две ЕП „Nude“ во 2017 година и „Så mycket bättre“ во 2020 година.

Покрај музиката и телевизијата, Лорин се занимава и со активизам. За време на Евровизија 2012 таа беше единствената учесничка која се сретна со активисти за човекови права, додека во 2014 година ја доби Светската детска награда за борба за правата на децата.

По настапот во Витебск, Белорусија во 2012 година, Лорин се сретна со сопругата на политичкиот затвореник Алеш Бјаљацки, Наталија Пинчук, заменик-претседателот на Вијасна, Валентин Стефановиќ и независни белоруски новинари. При тоа, изрази поддршка за Алес Бјалијацки и другите белоруски политички затвореници и успешно покрена петиција за забрана на смртната казна во Белорусија.

Во август 2013 година беше амбасадорка на шведскиот комитет за Авганистан, па заедно со Карл Билт, шведскиот министер за надворешни работи, ги посети Кабул во Авганистан и селото Јаскин Бала во долината Варшај.

Во мај 2015 година, Лорин беше домаќинка на Виенскиот бал, најголемиот хуманитарен настан во Европа за поддршка на луѓето со ХИВ и СИДА.

Таа, исто така, го поддржува WCP – најголемите светски образовни програми за деца и борба за правата на децата. Во март 2022 година, Лорин настапи на тн. Sverige samlas och hielver, гала вечера организирана за собирање средства за поддршка на Украина по руската инвазија.

Покрај тоа што е голема ѕвезда во Шведска, Лорин има настапувано ширум светот на големите евровизиски настани, како и на евровизиската забава на Би-би-си за 60-тиот роденден на натпреварот, а исто така се појави и во комедијата на Нетфликс, „Eurovision: The Story of Fire Saga“.

40 годишната Лорин е родена во Стокхолм, Шведска, во 1983 година од родители имигранти од Мароко, а израсната е во либерално муслиманско семејство.

Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, таа беше во врска со победникот на „Идол 2004“, Даниел Линдстром помеѓу 2004 и 2006 година.

На почетокот на 2017 година, Лорин се изјасни како бисексуалка.

Таа не е мажена и нема деца.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....