12:04 - 31 јануари, 2026

Која е Чое Сон Хуи, прва жена министер за надворешни работи на Северна Кореја и зошто игра клучна улога во многу чувствителниот период за меѓународните односи

Северна Кореја назначи жена, Чое Сон Хуи, за прв пат за министер за надворешни работи, во многу чувствителен период за меѓународните односи. Пјонгјанг пак, продолжува со тестовите на оружје и ги игнорира американските апели за продолжување на разговорите.

фото-јутјуб

Изборот на Чое Сон Хуи не изненадува толку многу. Дипломатка, поранешен заменик-министер за надворешни работи, е близок советник на Ким Џонг-ун и учествуваше во нуклеарните разговори со Соединетите држави, како и го придружуваше севернокорејскиот лидер на самитите со тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Која е Чое Сон Хуи

Родена во 1964 година во Пјонгјанг, Чое е ќерка на поранешниот севернокорејски премиер Чое Јонг Рим. Студирала во Северна Кореја, Кина, Австрија и Малта и течно зборува англиски. Својата кариера како преведувач ја започнала со учество во нуклеарните преговори во 1997 година.

Таа одигра клучна улога за време на самитите на Северна Кореја со САД, под претседателството на Доналд Трамп. Нејзините изјави објавени во севернокорејските државни медиуми се менуваа меѓу заканата од „нуклеарна пресметка“ до понуди за дијалог. Таа во Ханој седна до севернокорејскиот лидер на преговарачка маса.

Во една од своите последни изјави ги повика САД да ја прекинат „непријателската политика“ против Северна Кореја, вклучително и заедничките вежби со Јужна Кореја.

Нејзиниот политички став е дека севернокорејската програма за нуклеарно оружје е единствената сигурна заштита за суверенитетот на земјата. Сепак, нејзиното назначување може, во извесна смисла, да се толкува како одраз на подготвеноста на Пјонгајнг да отвори пат за дијалог со САД.

Дипломатката го наследува Ри Сон Гвон, член на „тврдото крило“, кој претседаваше со разговорите со Јужна Кореја и кој беше назначен да го води Одделот на Обединетиот фронт на партијата задолжен за управување со меѓукорејските односи.

фото-јутјуб

Ким Џонг-ун ги собра функционерите на состанокот на Работничката партија (сите без заштитни маски)

Во меѓувреме, Ким Џонг-ун го собра зголемениот пленум на Работничката партија, клучен состанок за динамиката на режимот во Пјонгјанг, во момент на особена тензија околу Корејскиот полуостров. Ким Џонг-ун ја истакна потребата да се преземат посилни мерки за „самоодбрана“ за да се решат „многу сериозни“ безбедносни предизвици. Сепак, за време на тридневниот состанок што заврши во петокот, не се појавија никакви индикации по информациите од Јужна Кореја за можна нова нуклеарна проба на режимот.

Северна Кореја нема извршено нуклеарни проби од 2017 година, кога ги прекина како знак на добра волја да започне преговори со Јужна Кореја и со САД под водство на Доналд Трамп, кои завршија со неуспех. Пред последниот нуклеарен тест – потсетува јужнокорејската новинска агенција Јонхап – Ким Џонг-ун го собра претседателството на Политбирото за да ја усвои агендата што вклучуваше тестирање на хидрогенска бомба.

Евентуалниот тест би бил и несакана порака за добредојде за новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол, кој беше избран ветувајќи построга линија кон Северот.

Петтата пленарна седница на Централниот комитет на Работничката партија собра стотици функционери во партиското седиште во Пјонгјанг, а никој од нив не носеше маска, и покрај бранот на коронавирусот што неодамна ја погоди земјата.

За време на седницата, Кимсе осврннал и на борбата против пандемијата на коронавирус, објаснувајќи дека напорите во моментов „влегле во нова фаза“, врз основа на „карантинот“ и напорите за искоренување на вирусот.

 

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....