8.8 C
Скопје
11:03 - 1 април, 2026

„Кој не полуди, тој не е нормалан“ – Горан Бреговиќ со видео порака го најави концертот во Гевгелија

Добропознатата музичка легенда, една од најголеми балкански ѕвезди, кој има оставено неизбришлив печат во својата три децениска кариера, Горан Бреговиќ- Брега преку видео порака ја повика македонската публика да биде дел од големиот концерт во сискотека „Де Факто’ – Гевгелија.

Потенцирајќи дека македонската публика е навикната да слуша добра музика, Бреговиќ го најави спектакалот кој ќе го приреди заедно со својот „Оркестар за свадби и погреби“, на 25ти јуни (сабота), во „Де Факто“ – Гевгелија.

Една од неговите изјави во видео-пораката сигурни сме дека ќе ве насмее и ќе предизвика носталгичност кај љубителите на добрата музика – „Ко не полуди, тај није нормалан“. Оваа порака истовремено е наслов на еден од албумите на групата „ Бијело дугме “ во која Горан Бреговиќ е еден од поранешните членови.

Големите хитови на Бреговиќ како што се „Месечина“, „Калашњиков“, „Едерлези“ и многу други се слушале, и ќе се слушаат уште многу години низ целиот свет, а за „Де Факто“, Бреговиќ потенцираше дека приредува „сѐ и сешто“ од музика.

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....