7.8 C
Скопје
14:53 - 22 декември, 2024

Koj e Џ.Р. Мохрингер, писателот кој му ги напиша мемоарите на принцот Хари: Еве зошто резултатот е „најексплозивната книга на деценијата“ за кралското семејство

Што имаат заедничко поранешниот тениски шампион Андре Агаси, ко-основачот на Најк Фил Најт и принцот Хари? Сите тие го ангажираа писателот Џ.Р. Мохрингер за да ги напишат своите автобиографии. Односно, тој им ги напиша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristina Bazavan (@cristinabazavan)

За да го подготви она што тој самиот го нарече „точен и целосно вистинит приказ од прва рака за мојот живот“, Хари сакаше махер покрај него, таканаречен „дух“ писател. Во својата кариера полна со успеси и признанија, вклучително и Пулицерова награда, Џ.Р.Мохрингер покажа дека знае да ги раскажува животите на значајните личности како ретко кој друг, изнесувајќи ги најболните аспекти, најконтроверзните епизоди, без никогаш да западне во банално „истурање“ на скандали.

Роден во Њујорк пред педесет и шест години, дипломирал на престижниот Универзитет Јеил, Мохрингер ја започна својата новинарска кариера во Њујорк Тајмс, а потоа се пресели во Лос Анџелес Тајмс. Во 2000 година, тој ја доби Пулицеровата награда за новинарство за неговиот портрет на Gee’s Bend, изолирана заедница на реката Алабама каде што живеат многу потомци на робови.

Во 2007 година, неговата статија за еден бездомник кој тврдеше дека е боксер во тешка категорија, Боб Сатерфилд, беше адаптирана во филмот Resurrecting the Champ, со Семјуел Л Џексон и Џош Хартнет во главните улоги.

Во британските литературни кругови се зборува дека е можно Џорџ Клуни да му го предложил на Хари писателот „дух“, зашто писателот е близок на семејството Клуни, а Клуни пак, и сопругата Амал Аламудин се пријатели на војводата и војвотката од Сасекс. Клуни неодамна заврши со адаптација за филм (2021) на мемоарите на Мохрингер, The Tender Bar (2005). Филм во кој глуми оскаровецот Бен Афлек и кој ја прикажува приказната на самиот Мохрингер од детството, кој бил одгледан од самохрана мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BooKKooP Emporium (@bookkoop_za)

Токму книгата „The Tender Bar“ го привлече вниманието на тениската ѕвезда Андре Агаси, кој во 2009 година го повика Мохрингер да ја напише неговата автобиографија насловена Open: An Autobiography“. Таа автобиографија стана бестселер и се смета за ремек дело во жанрот спортски мемоари. Благодарение на писателот, Агаси јавно ја обелодени сета болка што ја криел во својата успешна кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 艾吉瑪 (@geiko4)

Мемоарите ја прикажуваат комплицираната врска на Агаси со неговиот авторитативен и препотентен татко и омразата што тој ја чувствувал кон тенисот, спортот што му донесе пари и успех. Агаси, преку перото на Мохрингер, исто така откри дека со години страдал од мачни болки во грбот и дека бил позитивен на метамфетамин во 1997 година.

Следниот проект на Мохрингер беше книгата „Сатон“ од 2012 година, роман инспириран од животот и делото на ограбувачот на банки Вили Сатон. Потоа, во 2016 година пристигна „Shoe Dog“, автобиографијата на ко-основачот на Најк, Фил Најт, дело ко ги собра сите пофалби дури и од славните претприемачи како Бил Гејтс и Ворен Бафет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mona Ali (@monajianu)

Во текот на изминатата година, новинарот и писател работел во тајност со принцот Хари на она што денес се нарекува „најексплозивната книга на деценијата“. Оттука не е за изненадување што мемоарите ветуваат и „хаос“ во англиското кралско семејство.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....