-1.2 C
Скопје
04:17 - 19 декември, 2024

И денес моли да умре во Колумбија: Кој бил најголемиот ривал на Пабло Ескобар

Хилберто Родригерез Орехуела, поранешниот лидер на картелот Кали, се наоѓа моментално во затвор во САД и е на работ на смртта. Не е лесно да поверувате дека овој старец во свое време бил најмоќниот нарко-шеф во Колумбија. Човекот чија дрога труела и убивала илјадници луѓе, кој се борел во брутални пресметки со своите ривали и бил главен лик во едни од најкрвавите и најнасилни епизоди во историјата на оваа земја. Родригез Орехула во текот на 1980-тите и 1990-тите бил водач на картелот Кали, еден од најголемите во Колумбија, шеф на криминална организација која стоела наспроти Пабло Ескобар и картелот Медлин. Денес, тој се наоѓа во американскиот затвор, без можност да се врати во својата земја.

Казната од 30 години, на која е осуден во Северна Каролина, ќе ја отслужи во февруари 2030 година, кога овој шверцер на дрога ќе наполни 90 години. Неговите адвокати бараат да биде пуштен на основа на помилување. Првото барање било поднесено во 2019 година, а второто неодамна. Во затворот Гилберто Родригез веќе преживеал рак на цревата, а малигна маса е пронајдена и во неговата простата. Има примено повеќе од 40 хемотерапии и зрачења.

Profimedia

Гилберто и неговиот брат Мигел Анхел родени се во текот на 1940-тите во градот Марикита. Во годините кои следеле тие двајца основале картел и станале милијардери благодарение на трговијата со дрога. Гилберто бил опасен и амбициозен, методичен, харизматичен и образован човек. Работел тивко и внимателно, успевал во јавноста да создаде слика на пристоен и успешен бизнисмен. Пред да биде предоцна, јавноста дознала со што вистински тој се занимава. Во текот на 70-тите тој, Мигел Анхел и Хосе Санта Круз Лондоњо ја основале криминалната банда „Лос Чемас“ која се занимавала со киднапирање и со шверц. Подоцна ќе се поврзат со Хелмер Пач Херер, кој нивните пари ги перел во Њујорк, и заедно го основале познатиот картел Кали. Организацијата за шверц на дрога, за која ДЕА кажала дека доставувала четири од секои пет грама кокаин, кој би се продал во Њујорк. Со парите и моќта која им ја донеле наркотиците, Гилберто Родригез скокнал на друштвената и бизнис скала во Колумбија, посебно откако го купил фудбалскиот клуб во својот роден град Кали. Благодарение на неговите големи инвестиции, станал најјак меѓу клубовите во Колумбија.

Соработката со Пабло Ескобар

Во раните 1980-ти колумбиските картели тактички и стратегиски шверцувале дрога во САД: Додека картелот на Меделин, на чие чело бил Пабло Ескобар, главно пренесувал дрога во Мајами, картелот на Кали својата „роба“ ја праќал во Њујорк. До 1974 година Кали картелот бил соработник на Маделин картелот, за потоа да дојде до јаз меѓу овие криминални групи и тој станувал сè поголем и подлабок.

Пресвртница во нивните односи било убиството на министерот за правда Родриго Лара Бонили, кој војувал против нарко-босовите кои работеле под палката на Пабло Ескобар.

Ескобар му објавил војна на Лара Бонили и директно му се заканил. Сите водачи на картелите биле со Ескобар и парично го помогнале неговиот крволочен план, освен Родригез, кој не сакал да учествува во тоа, убеден дека смртта на министерот ќа ја натера целата држава да се сврти против нив. Откако Лара Бонили бил убиен, повеќето колумбиски нарко-шефови биле протерани од земјата, додека САД почнале да водат против нив уште посилна борба.

Така Гилберто Родригез Орихуела и Хорхе Руси Очоа Васкез, членови на картелот на Меделин се нашле во Шпанија. Двајцата се уапсени во 1984 година под обвинение дека се обиделе да направат мрежа во Европа за трговија на кокаин. Двајцата на крајот се вратиле во Колумбија каде што народниот суд ги ослободил, но тензиите помеѓу картелите биле сè поголеми. Пабло Ескобар сакал во тоа време да го киднапира Андреас Пастрано, кој тогаш бил кандидат за градоначалник на Богота, а подоцна станал и претседател на Колумбија, како и јавниот обвинител Карлос Маура Хојос (кого на крајот го убил), за да ја натера владата да ја повлече екстрадицијата која ја потпишала со САД.

Profimedia

Војната почнала

Во картелот Кали оваа идеја никому не му се допаднала. Водачите како што се Гилберто биле многу подискретни и потактични од импулсивниот Ескобар. Кали одбил да по поддржи овој план, а картелите дефинитивно станале непријатели еден на друг.

Омразата ја запечатил нападот на палатата Монако на 13 јануари 1988 година кога со 700 кг динамит бил разнесен имотот на Пабло Ескобар, каде што живеело и неговото семејство. Иако немало жртви, а Кали ја одрекувал одговорноста за нападот, шефовите во Меделина не се сомневале дека зад експлозиите стојат нивните некогашни партнери. Сметале дека се доволно моќни да го извршат овој напад.

Отворената војна почнала. Ескобар наредил повеќе од 50 бомби да се распоредат низ Кали и тоа прецизно под недвижнини и работилници кои биле во сопственост на браќата Родригез. Во текот на 1988 година скоро 40 напади се изведени во аптеките „Дрогас ла Ребаја“ и уште 10 во „Колумбијан радиал груп“, кои биле легални бизниси на шефовите на Кали.

Картелот Кали не седел со скрстени раце. Водачот на картелот на Меделин успеал да киднапира пет поранешни војници кои го шпионирале кај картелот на Родригез . Кали предложил примирје, но Ескобар барал премногу – 5 милиони долари како компензација за имотот Монако, како и тоа да му го предадат Пача Хереро, кој бил на врвот на картелот на Кали, а со Ескобар имал приватна кавга.
Гилберто Родригез ги одбил овие барања. Скоро веднаш неговите пет шпиони се пронајдени мртви, а покрај нив се пронајдени натписи:

„Членови на картелот на Кали се убиени затоа што се обиделе да го нападнат картелот на Меделин.“
Пабло потоа без успех се обидел да го киднапира Пача Херера, а Гилберто во знак на одмазда ги искористил платениците од Англија да се обидат да го убијат Пабло Ескобар и Гонзало Родригез Гаќа, познат како „ Ел Мексикано“. Ни тој план не успеал.

Владеење со краток рок

Неговото неприкосновено владеење траело две години, сè додека во 1995 година елитната единица на војската и ДЕА не извршиле рација во апартманот 402 во луксузната зграда Колинас де Санта Рита западно од Кали. Тука го пронашле водачот на овој картел скриен во дупка под подот. Бил крвав, имал на себе бела крпа, фармерки и маица. Дишел со помош на апарати. Гилберто Родригез Орехула осуден е на 12 години затвор во Колумбија, но пуштен е после 7 години поради добро однесување. Слободата си ја вратил во 2002 година. Сепак во 2004-та година за време на владеењето на Урибе Велеа тој повторно е уапсен и испорачан во САД, каде што бил баран поради испорака на 150 килограми кокаин во 1980 година, за што му било судено претходно.

Оттогаш најголемиот непријател на Пабло Ескобар е американски затвореник кој ја служи својата 30-годишна казна. Во својата 80-та година, стар и болен од рак, неговата единствена желба е судот да го пушти остатокот од казната да ја помине во Богота, каде што живеат жена му и ќерка му, за да умре во својата родна земја.

Во истата онаа во чија дестабилизација, криминална позадина своевремено лично учествувал.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....