0.8 C
Скопје
23:12 - 18 декември, 2024

Кои хороскопски знаци се токсични пријатели?

Како што може да имате токсична врска, така може да имате и токсично пријателство. Ако вашиот пријател е посесивен, љубоморен или постојано ве осудува, сето тоа се токсични карактеристики. Токсичните карактеристики не поттикнуваат среќни и здрави пријателства, тие го прават токму спротивното. Погледнете кои хороскопски знаци се најтоксичните пријатели што може да ги имате во вашиот живот.

Водолија
Водолијата изгледа како студена личност што не е многу емотивна. Нејзината безлична природа не ѝ дозволува да биде ранлива пред своите пријатели. Водолиите никогаш не се отвораат.

Недостатокот на отвореност кај овие личности може да ги натера нивните пријатели да мислат дека тие не им веруваат. Да се биде пријател со некој што не ви верува е многу токсичен однос затоа што секогаш ќе чувствувате дека треба да ја докажувате својата веродостојност.

Водолиите не се подготвени да направат компромис и тие сакаат работите да бидат по нивно. Замислете да имате пријател кој никогаш не сака да ги земе предвид вашите желби.

Овен
Овните не се најдобрите луѓе за пријатели поради нивните брзи реакции. Тие може да се вознемират за каква било ситница за само неколку секунди. Да имате пријател пред кој треба постојано да внимавате што ќе кажете ќе предизвика постојано да се двоумите пред да се изразите. Пријателите на Овенот постојано се плашат да не го вознемират со мислењето што ќе го споделат.

Припадниците на овој хороскопски знак сакаат работите да се завршат колку што е можно побрзо, без грижа за распоредот на другите. Нивната нетрпеливост е многу себична карактеристика. Тие очекуваат од своите пријатели да остават сè за да се дружат со нив, а тоа ги тера нивните пријатели да мислат дека се себични и не го ценат туѓото време.

Близнаци
За Близнаците се знае дека се дволични и никој не сака таков пријател. Поради тоа, ним им е тешко да најдат пријатели што им веруваат. Близнаците изгледаат како недоверливи личности поради тоа што се многу снаодливи. Секоја врска во којашто нема доверба е токсична затоа што довербата е таа што му дозволува на пријателството да успее.

Близнаците се друштвени личности и сакаат да комуницираат со другите, но понекогаш се многу зависни, што е токсична особина. Нивната потреба за социјална интеракција ги прави наметливи пријатели. Близнаците сакаат да го поминат целото свое време со пријателите, но нивните пријатели може да се чувствуваат задушено.

Рак
Раковите се многу емотивни личности, но емоционалноста не е тоа што ги прави токсични пријатели, туку начинот на кој тие манипулираат со другите преку своите емоции. Овие личности секогаш се сожалуваат себеси. Ако се дружите со личност што постојано се жали, ќе треба да се ставите во улога на терапевт.

Секогаш треба да ги поддржувате пријателите кога им е тешко, но не можете да бидете нивни терапевт. Не е добро да бидете пријатели со припадниците на овој хороскопски знак затоа што тие ќе ве изманипулираат да се чувствувате лошо поради нив.

Друга токсична особина е загрижувачката природа на Ракот. Овие личности се плашат дека ќе ги оставите или дека не се доволно добри за да бидат ваши пријатели. Раковите никогаш не се сигурни во стабилноста на своето пријателство. Постојано сакаат потврда и докажување, па дружењето со нив може да ве вознемирува затоа што секогаш ќе се чувствувате под притисок да им се докажувате.

Скорпија
Скорпиите се многу љубоморни личности, па ако имате пријател што е огорчен поради вашиот успех и поради вашите достигнувања, тоа е токсично пријателство. Вашиот пријател треба да биде првиот што ќе ве поддржува. Љубомората не им дозволува на Скорпиите да бидат вистински среќни за вас, па затоа кога ќе им кажете добри вести, таа ќе излезе на виделина.

Скорпиите често го менуваат своето расположение. Една минута сè е во ред, а следната може да бидат гневни. Нивните темперамент го отежнува одржувањето на пријателствата затоа што никогаш не знаете како ќе реагираат. Недостатокот на емоционална стабилност во пријателството го отежнува предвидувањето како ќе постапат овие личности во одредена ситуација.

Неделен хороскоп (2 до 8 октомври): Нови можности за Овните, пари за Биковите, промени за Водолиите…

 

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....