5.8 C
Скопје
02:12 - 1 април, 2026

Кои фактори се виновни за недостатокот на магнезиум во организмот?

Магнезиумот е многу важен минерал за човечкото тело бидејќи е вклучен во повеќе од 300 витални метаболички процеси во телото. Тој е осми најчест минерал на Земјата и трет најчест минерал во морската вода, по натриумот и хлоридот. За нас најважен факт е дека тој е четвртиот најчест минерал во човечкото тело.

Дневната потреба за магнезиум кај возрасни луѓе (што зависи од повеќе фактори, како полот, тежината и висината) изнесува 300-400 мг/ден. Несоодветен внес на магнезиум доведува до мускулни грчеви и се поврзува со кардиоваскуларните болести, дијабетесот, високиот крвен притисок, анксиозноста и остеопорозата. Акутниот недостаток (хипомагнеземија) е ретка и е почеста како спореден ефект при употребата на лекови (како при употребата на антидиуретици).

Улогата на магнезиумот во човечкото тело

Магнезиумот помага во стимулирање на метаболичките процеси, вклучително и во ослободување на енергијата од храната и нејзино пренесување низ телото, а исто така учествува и во формирањето на протеините. Без него, метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите не би бил возможен.
Она што е важно да се нагласи е дека магнезиумот „работи“ заедно со калциумот и на тој начин заедно ги регулираат електричните импулси во клетката. Нивната меѓусебна рамнотежа и функција се важни за спречување на акумулација на калциум во клетките, бидејќи во спротивно може да дојде до раздразливост, калцификација, нарушена клеточна функција или клеточна смрт.

Знаци на недостаток на магнезиум во телото

Бидејќи телото го компензира недостатокот на магнезиум со негово извлекување од коските, долготрајните периоди на недостаток се опасни. Ова се некои од главните симптоми:
– слаба циркулација на крвта
– главоболки и мигрени
– хроничен замор
– вртоглавица
– грчеви
– тврда столица
– срцева аритмија
– несоница
– депресија
– нервоза
– сонливост
– болки во мускулите и грчеви

Кои фактори се виновни за недостатокот на магнезиум во организмот?

Причините можат да бидат многубројни:
– гастроинтестинални болести;
– изложеност на секојдневен стрес;
– често консумирање алкохол;
– често консумирање фосфатни (газирани) пијалаци;
– лош сон;
– висок крвен притисок;
– бременост;
– земање контрацептивни таблети;
– дијареја (пролив) ;
– проблеми со цревата или бубрезите;
– претерано вежбање;
– долготрајно консумирање намирници кои се сиромашни со влакна;
– предолго практикување небалансирани диети.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....